Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се рехабилитира земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи во Делчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се рехабилитира земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи во Делчево
АгровестиРурален Развој

Се рехабилитира земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи во Делчево

Објавено 30/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во месноста Средни Бавчи денеска започна рехабилитацијата на земјоделскиот пат со што се решава горливиот проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини или објекти во овој дел на Делчево. Со проектот, како што информираа од Општината, се предвидува рехабилитација на земјоделскиот пат во должина од околу 800 метри.

-Почнавме со реализацијата на уште еден значаен проект за земјоделците. Работите ги изведува Емрах – Интертранс ДООЕЛ Зелениково. Вредноста на работите е околу 1 милион денари со ДДВ. Рехабилитацијата на земјоделскиот пат се реализира со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој преку Програмата за рурален развој, мерка 124 – Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, подмерка 124.3 – Инфраструктура за прстап до земјоделско земјиште, врз основа на Програмата за финансиска поддршка за рурален развој, информираа од Општината.

Рехабилитацијата на овој земјоделски пат, како што додаде градоначалникот Горан Трајковски, значи полесен пристап до земјоделските површини или до нивните индивидуални земјоделски стопанства.

-Сведоци бевме дека при поројни дождови беше оневозможено движењето со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште на овој терен. Оваа инвестиција е наш одговор на барањата на земјоделците и во таа насока продолжуваме понатаму. Ќе искористиме вакви и слични повици со кои ќе обезбедиме поддршка за решавање на проблемите на земјоделците поврзани со земјоделската патна инфраструктура во општината, рече Трајковски.

Со реализацијата на овој проект, како што додаде, се заокружува првата фаза од циклусот инвестиции во земјоделската инфраструктура со која за рехабилитација беа предвидени над 3.1 километри земјоделски патишта.

Деновиве, како што дополнија од Општината, заврши и рехабилитацијата на земјоделскиот пат во месноста Долни Бавчи во должина од 1.000 метри, кој се реализираше преку Центарот за развој на ИПР, додека минатата година беше завршена рехабилитацијата на земјоделскиот пат село Вирче – село Град во должина од 1.320 метри.

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:делчеводолно бачвитрајковски
Претходен напис Во Штип утре прва акција за прскање против големи комарци
Следен напис Русија бара целосно исполнување на договорот за извоз на жито преку Црното Море
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?