Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најголемиот светски извозник на пилешко погоден од птичји грип
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најголемиот светски извозник на пилешко погоден од птичји грип
Агровести

Најголемиот светски извозник на пилешко погоден од птичји грип

Објавено 25/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бразил, најголемиот светски извозник на пилешко, прогласи вонредна состојба за здравјето на животните на 180 дена, пишува Ројтерс. Одлуката е одговор на првото откривање на високопатогениот вирус на птичји грип кај дивите птици во таа земја.

Врз основа на упатствата на Светската организација за здравје на животните, инфекцијата со подтипот H5N1 не доведува до забрана за трговија. Но, во Бразил знаат дека појавата на болест на фарма обично резултира со убивање на целото јато и може да предизвика трговски ограничувања од земјите увозници.

Минатата година во овој сектор имале промет од 9,7 милијарди долари. Досега се потврдени осум случаи на вирусот H5N1 кај дивите птици. Најголем дел од производството е во јужните региони кои не се погодени, но владата е во состојба на готовност.

Веста влијаеше и на акциите на бразилската компанија BRF SA, најголемиот светски извозник на пилешко. Пред владината објава тие пораснале за 3,6 отсто, а еден ден по него завршиле со пад од 0,5 отсто.

Вакцинацијата на живината неизбежно ќе доведе до трговски ограничувања и затоа оваа земја не ја поддржува оваа превентивна мерка, пишува Economic Times. Извозот би бил загрозен доколку вирусот зарази комерцијални јата.

Од Бразил се извезуваат живина и производи од нив во повеќе од 130 земји, што ги отежнува можните преговори за извоз на вакцинирана живина и производи од нив.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:птичји грип
Претходен напис Се работи на производство на сорта пченица со повисоки приноси и поголема содржина на протеини
Следен напис Ботритис – Како да се спречи и како да се лекува сивата мувла на јагодата?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?