Договорот за жито е продолжен за уште два месеци, изјави турскиот претседател Таип Ердоган, а истата информација ја потврди и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
И покрај тоа, Москва предупредува дека е неопходно што поскоро да се решат проблемите во договорот, поточно прашањето за слободен извоз на руска храна и ѓубрива.
-Ја потврдуваме изјавата на претседателот на Турција за продолжување на Црноморската иницијатива за два месеци. Значи, постои шанса не со зборови, туку со дела да се помогне да се обезбеди глобална безбедност на храната – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова и додаде:
-Нашиот став кон договорот не е променет, а нерамнотежата во неговата примена треба што поскоро да се коригира.
