Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна изградбата на системот за наводнување Колибари вреден 110 милиони денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Започна изградбата на системот за наводнување Колибари вреден 110 милиони денари
АгровестиШумарство и водостопанство

Започна изградбата на системот за наводнување Колибари вреден 110 милиони денари

Објавено 18/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик министерката, Вјолца Бериша, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи и градоаначлникот на општина Кичево, Фатмир Дехари вчера го означија почетокот од изградбата на системот за наводнување Колибари-Црвивци.

„Една од нашите главни цели како министерство е зголемувањето на домашното производство на храна и ставањето во функција на секоја една педа обработлива земјоделска површина. Оваа цел можеме да ја постигнеме само со големи и сериозни инвестиции во системите за наводнување. Нема стабилно земјоделство без доволни количини вода.“ истакна во своето обраќање министерот Љупчо Николовски.

Капиталните инвестиции во водостопанството се еден од пет приоритети на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа година. Вкупно 884,9 милиони денари од буџетот на министерството се наменети кон Управата за водостопанство за да може навремено да се реализааат планираните капитални проекти во делот на водостопанството.

Систем за наводнување Колибари-Црвивци се наоѓа во југозападниот плански регион во општина Кичево и опфаќа површина од 160 хекатари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 110 милиони денари, средства од буџетот на МЗШВ.

Оваа инвестиција обезебедува квалитетна вода и редовно наводнување на земјоделските површини, поттикнувајќи производство на продуктивни култури и одржливо сточарстко производство.

Наводнувањето на системот доаѓа од водите на Зајашка Река, која има просечен годишен протек проценет на 1,51 l/s, додека во летниот период расположливата вода достигнува до 400 l/s, а ќе се користи и за системот за наводнување Зајас 2.

Новиот систем за наводнување ќе биде под притисок за да се овозможи интензивно квалитетно наводнување на земјоделските култури во Проектното подрачје. Локацијата на конструкциите за пренасочување беше направена според потребните хидродинамички притисоци потребни во мрежата за да се овозможи наводнување под притисок. Системот за наводнување нема да користи пумпи, односно ќе биде базиран на гравитација.

При целиот процес на планирање преку повеќе состаноци покрај релевантните чинители и општинската служба, директно беа вклучени и жителите. На овој начин заеднички подготивме добар проект и ви благодарам на сите вас за ангажманот.

Инвестираме во сите региони и се грижиме за сите земјоделци. Ова е шестти по ред систем за наводнување по Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, а за оваа година предвидуваме почеток со изградба на уште два система за наводнување во Сопот и Новаци. Сите овие системи целосно се финасирани од страна на Европската Унија со вкупна поддршка од над 10 милиони евра, се вели во соопштението од МЗШВ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Колибари
Претходен напис Николовски: За првпат ќе има македонски национален штанд на саем во САД
Следен напис Договорот за жито продолжен за 60 дена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?