Се очекува жетвата на маслодајна репка во 2023 година во Украина да достигне ново рекордно ниво и огромен извозен потенцијал, пишува Agrarheute.
Украинските земјоделци би можеле да ожнеат меѓу 3,5 до 3,6 милиони тони маслодајна репка, а речиси целата количина би можела да се извезе во маркетиншката година 2023/24 година.
Засеаните површини би можеле да бидат за осум отсто поголеми отколку во 2022 година. Минатата есен биле девет отсто помалку од 2021 година, кога биле засеани околу 1,5 милиони хектари, но околу 17 отсто не беа ожнеани поради војната.
Извозот на маслодајна репка од Украина во Европската Унија би можел да стане потежок во 2023/24 година. Увозот во Бугарија, Полска, Романија и Унгарија е забранет до 5 јуни, а до неодамна беше и во Словачка. Овие пет земји учествуваа со 55 отсто од украинскиот извоз на оваа култура од јули 2022 година до април 2023 година. Аналитичарите очекуваат и построга контрола на квалитетот.
Во случај ЕУ да ја продолжи привремената забрана, извозот би бил сериозно погоден.
Според податоците на тамошното Министерство за земјоделство, од август до октомври од Украина се извезени 2,2 милиони тони маслодајна репка, со вкупен извоз од 3,34 милиони тони од јули 2022 година до април 2023 година.
