Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винарија Камник со највисок просечен рејтинг на апликацијата Вивино за регионот на Југоисточна Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Винарија Камник со највисок просечен рејтинг на апликацијата Вивино за регионот на Југоисточна Европа
Агровести

Винарија Камник со највисок просечен рејтинг на апликацијата Вивино за регионот на Југоисточна Европа

Објавено 17/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарија Камник е првата винарија од Македонија што е официјално профилирана на глобално најголемата винска апликација Вивино. Поканата од Вивино за професионална презентација на винаријата доаѓа врз основа на постигнатиот рејтинг на вината Камник, како највисоко оценети од потрошувачите во целиот Југоисточен регион. Според бодирањата од оние што ги пиеле вината на Камник добиена е просечна оцена од 4,37 од 5 а поединечна највисока оцена 4,7, што е најголем и најдобар постигнат рејтинг. Во оценувањето вклучени се сите вина од Винарија Камник што се достапни на пазарот и во ХоРеКа сегментот.

Мерењата на вкусот, квалитетот и преференциите на вината од Винарија Камник се направени преку Вивино (Vivino) најголем онлајн вински маркет и мобилна апликација. Вивино е широко распространета апликација што се користи од голема и разновидна публика љубители на вино, од почетници па се до познавачи и вински експерти. Прелистувањето на листираните вина е преку скенирање на етикетата и досега има вкупно 260 милиони скенирања и бодирања.

Кредибилитетот и автентичноста на Вивино потекнува од базата што ја содржи и понудата што ја создаваат самите корисници. Со пребарувачот може да се разгледа огромната постоечка база на вина со целосно инфо за потеклото и винаријата или да се создаде сопствена колекција употребувајќи го скенерот за брендови со што апликацијата ќе ги даде сите информации за виното: рејтинг, карактеристики на вкус, цена. Базата на податоци на Вивино нуди избор од 12 162 845 видови вино од 227 174 винарии во 3199 региони.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вивиновинаријавинарија камниккамник
Претходен напис Николовски: За 38.000 деца од сите градинки, еднаш неделно по еден килограм македонско овошје
Следен напис Рекордна жетва на маслодајна репка во Украина – На кои пазари ќе заврши?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?