Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино
АгровестиМеханизација

„Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино

Објавено 04/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарската визба „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино. Употребата на оваа технологија, која за првпат се применува во Македонија, но и пошироко на просторот на Западен Балкан, има големо значење за натамошното унапредување на квалитетот на вината произведени во винарници кои се наоѓаат во рамки на поседот каде се одгледува грозјето, т.н. бутик-винарници.

Пристигнувањето на првата мобилна полнилница за вино во Македонија е резултат на долгогодишната соработка на „Тиквеш“ со светски познатиот италијански производител на опрема за полнење на вино – „GAI“.

Првите вина што се наполнети со помош на оваа современа мобилна опрема се вината кои се произведуваат на поседот „Domaine Lepovo“, каде е лоцирана и истоимената бутик-винарница. Во неа се произведуваат вина што се дел од бренд-платформата „Tikveš Châteaux & Domaines“.

Главната придобивка од употребата на мобилната технологија и опрема за полнење е во тоа што со неа се овозможува виното да се наполни во шишиња онаму каде што и се произведува, односно на самиот посед. На ваков начин со овозможува виното да го задржи својот висок квалитет, бидејќи се избегнува неговиот транспорт до оддалечените постојки за полнење.

„Полнењето претставува исклучително важен дел во процесот на производството на вино. Со неговото полнење на истата локација каде што тоа се произведува, преку користење на квалитетни и софистицирани мобилни линии кои ги задоволуваат највисоките стандарди, се задржува интензитетот на аромите во виното, се продолжува неговиот животен век т.е. времето на одлежување во шише, а виното успева многу подолг временски период да ја задржи свежината и автентичните карактеристики на поднебјето каде што се произведува“, објаснуваат енолозите на „Тиквеш“.

Ова е уште една од серијата технолошки новини што ги воведува „Тиквеш“ кои треба да придонесат за натамошно унапредување на целиот процес на производството на висококвалитетни вина согласно светските стандарди и барањата на потрошувачите на домашниот, а особено на странските пазари.

Извор: Inovativnost.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виномобилна полнилкатиквеш
Претходен напис Забранет риболовот на Калиманско Езеро
Следен напис Од Крива Паланка започна теренската информативна кампања за ИПАРД 3 програмата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?