Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од Крива Паланка започна теренската информативна кампања за ИПАРД 3 програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од Крива Паланка започна теренската информативна кампања за ИПАРД 3 програмата
Агровести

Од Крива Паланка започна теренската информативна кампања за ИПАРД 3 програмата

Објавено 04/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европските можности за македонското земјоделство и руралниот развој преку ИПАРД 3 програмата вчера беа презентирани пред паланчани од страна на телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

На настанот се обратија Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и раководителот на телото за управување со ИПАРД, Живко Брајковски.

Брајковски посочи дека кампањата се насочува теренски, на информативни средби со граѓаните, со земјоделците и заинтересирани граѓани за искористување на преостанатите средства од ИПАРД 2, за кои ќе се објави последниот, деветти повик, како и првиот повик за ИПАРД 3, што ќе бидат објавени паралелно кон крајот на месец јуни 2023.

-Со претстојниот повик за ИПАРД 3 на располагање ни стојат неповратно средства од ЕУ и буџетот на државата за нови инвестиции, нови можности за развој и за нас како општина, како рурален регион, така што покрај развој на бизниси во рурални средини ќе бидат поддржани и инвестиции во рурална јавна инфраструктура, околу 17 милиони евра наменети за инвестиции во обновливи извори на енергија, локална патна инфраструктура, водоводи и канализации. Наша заложба како локална власт е преку ваквите повици да реализираме нешто капитално, видливо и значајно за граѓаните. ИПАРД 3 нуди можност голем број индивидуални земјоделци и претпријатија да се развиваат и да бидат нова успешна приказна со: зголемено производство, нови вработувања и подобра локална економија. Знам дека постои голем интерес од страна на граѓаните на Крива Паланка и Ранковце за овие програми, така што, верувам, согласно резултатите на искористеност од 98 отсто во ИПАРД 2, повторно ќе може да се пофалиме како држава дека сме лидери во регионот по имплементација и искористеност на средствата, споредено со Албанија, Црна Гора и Србија, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Министерот Николовски рече дека до крајот на јуни овој тим од МЗШВ и Платежната агенција ќе биде на терен за да сподели бројки, факти и да се допре до секое населено место.

-Сведоци сме дека во изминатиот период речиси и да нема населено место во државата без ИПАРД табла, лидери сме во регионот со склучени над 2300 договори и целосно ставање на располагање на средствата, со искористеност од 98 отсто, а без ниту едно евро да вратиме назад кон ЕУ, што ја прави исклучително успешна програма, а преостанува уште еден повик од ИПАРД 2. Го најавуваме оттука, од регионот на Ранковце и Крива Паланка, и последниот повик од ИПАРД 2 и првиот повик од ИПАРД 3 што вкупно овозможуваат средства од вкупно 29.000.000 евра, а во следните години на располагање ни стојат 128 милиони евра, од кои 97 милиони се средства од ЕУ и 31 милион евра од државниот буџет. Ова е вистински пример дека може да не вратиме ниту евро назад, и се надевам и во овој регион каде што досега со ИПАРД 2 немаше преголем интерес, ќе имаме успешна реализација на проекти и тука ќе има повеќе ИПАРД табли, рече министерот Николовски.

Стручните лица од МЗШВ и АФПЗРР го образложија достапните мерки:3 од ИПАРД 2 и мерки 1 и 7 од ИПАРД 3 за кои ќе можат да се подготвуваат апликации од стартот на повикот, крај на јуни, за да се започне час поскоро со комплетирање на документацијата потребна за истите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИПАРДИПАРД2ИПАРД3Крива паланканиколовски
Претходен напис „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино
Следен напис Започнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?