Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ ги условува земјите кои забрануваат увоз на житарки од Украина, тие бараат поголема финансиска поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ ги условува земјите кои забрануваат увоз на житарки од Украина, тие бараат поголема финансиска поддршка
Агровести

ЕУ ги условува земјите кои забрануваат увоз на житарки од Украина, тие бараат поголема финансиска поддршка

Објавено 28/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјите членки ќе треба да ги укинат едностраните забрани за увоз на земјоделски стоки од Украина за да ја добијат ветената финансиска помош за поддршка на нивните земјоделци, им соопштил еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски на министрите за земјоделство на затворен состанок.

Состанокот се одржал во вторникот (25 април), и уследи по одлуката на неколку земји, вклучително Полска, Унгарија и Словачка, да го забранат целиот увоз на украински земјоделски производи.

Одлуката беше донесена откако голем број мерки на ЕУ за помош на Украина за извоз на земјоделски производи, ги намалија цените и ги ставија земјоделците во незавидна позиција.

„Ние целосно го разбираме барањето на петте земји членки да воведат мерки против оваа прекумерна понуда на производи од Украина, бидејќи тоа им создава многу проблеми на земјоделците“, рече комесарот Војчеховски на прес-конференцијата по средбата.

Заедно со Романија и Бугарија, петте најпогодени земји сега ја притискаат Комисијата да понуди поголема поддршка.

Комисијата претходно мобилизираше 56 милиони евра од земјоделскиот резервен фонд на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) за да помогне во олеснување на товарот на земјите кои граничат со Украина.

Дополнителни 100 милиони евра помош од истиот фонд беа предложени само неколку дена откако земјите ги воведоа забраните.

Сепак, се чини дека ова финансирање е условено со тоа што земјите ќе се откажат од забраните, според извор од затворениот состанок, кој за EURACTIV изјави дека комесарот „нагласил дека [земјите членки] ќе треба да ги укинат едностраните мерки за да добијат поддршка“.

Извршната власт на ЕУ сè уште не даде детали за тоа како ќе се дистрибуира ова финансирање, но за време на состанокот повтори дека сите пет земји од првите редови ќе имаат корист од оваа помош.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:EUvoj;ehovskiЕвропска унијаЕУеуропеан унион
Претходен напис Научна конференција за балканската винска сорта кратошија
Следен напис Тиквичките одлично успеваат кога се садат во саксии – Неколку совети како да ги одгледувате на тераса
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?