Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерството за економија надоместува до 25.000 денари од трошоците за изработка на документација за приклучок на системот за дистрибуција со природен гас во домаќинствата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерството за економија надоместува до 25.000 денари од трошоците за изработка на документација за приклучок на системот за дистрибуција со природен гас во домаќинствата
Агровести

Министерството за економија надоместува до 25.000 денари од трошоците за изработка на документација за приклучок на системот за дистрибуција со природен гас во домаќинствата

Објавено 27/04/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија го објави огласот за надоместување на дел од трошоците за снабдувањето со природен гас во домаќинствата за 2023 година, т.е. за надоместување на дел од трошоците за домаќинствата, за изработена проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или за извршен приклучок на систем за дистрибуција на природен гас во државата во 2023 година.

Како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши оваа мерка е со цел да е поттикне диверзификација во делот на снабдување со енергенси. Затоа, за градовите Струмица и Куманово, каде што веќе има мрежа за природен гас, се предвидени субвенции за приклучок на мрежата и Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 70 % од трошоците, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2023 година.

Право на учество на овој јавен оглас имаат домаќинствата кои имаат изработена проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или имаат извршено приклучување на соодветниот систем за дистрибуција на природен гас во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година.

Потребни документи за аплицирање се:

-БАРАЊЕ што може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk;

БарањеПреземи

-ДОКАЗ во оригинал дека се целосно намирени трошоците за изработка на проектна документација за изведба на внатрешната гасна инсталација на домаќинството, за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас;

-ФИСКАЛНА сметка (издадена во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година) ; и/или фактура со извод од деловна банка или уплатница (издадена во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година) и/или потврда издадена од страна на операторот на системот за дистрибуција на природен гас дека е извршено приклучувањето кај домаќинството, со цена на чинење на приклучокот на системот за дистрибуција на природен гас;

– ФОТОКОПИЈА од лична карта на барателот и

– ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА на барателот.

Сите документ заедно во затворен плик треба да се достават до Министерството за економија по пошта на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15, или во архивата на министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот.

На пликот треба да стои за „ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА, ЗА ИЗРАБОТЕНА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИКЛУЧОК НА СИСТЕМОТ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС И/ИЛИ ЗА ИЗВРШЕН ПРИКЛУЧОК НА СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС ВО ДРЖАВАТА ВО 2023ГОДИНА, заедно со ИМЕ И ПРЕЗИМЕ и АДРЕСА на барателот.

Листите на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за економија најдоцна до 30 ноември 2023 година.

Едно лице од секое домаќинство може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен”.

Повеќе на линкот: Министерство за економија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:министерство за економија
Претходен напис За само еден ден 150 агрономи пристапиле во Здружението Агроном 1947, поканата е отворена!
Следен напис Во Делчево заврши рехабилитацијата на патот во месноста Долни Бавчи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?