Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Делчево заврши рехабилитацијата на патот во месноста Долни Бавчи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Делчево заврши рехабилитацијата на патот во месноста Долни Бавчи
АгровестиРурален Развој

Во Делчево заврши рехабилитацијата на патот во месноста Долни Бавчи

Објавено 27/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Делчево заврши рехабилитацијата на патот во месноста Долни Бавчи во Општина Делчево, во рамки на проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“.

Со реализацијата на овој проект, како што информираа од Општината, директно се влијае на подобрување на руралната патна инфраструктура во непосредна близина на градот Делчево.

– Најголема корист рехабилитацијата на патот, кој опслужува и е наменет за околу 500 хектари земјоделски површини ќе имаат сопствениците и корисниците на обработливото земјоделско земјиште до кое директно се пристапува од оваа траса. Исто така, бенефитот е голем и на сопствениците на помошни земјоделски објекти и фарми на кои им се овоможува побрзо и побезбедно транспортирање на готовите производи до пазарите односно откупните пунктови кои за време на откуп се лоцирани во Делчево, информираа од Општината.

Целта на реализација на активноста, додаде градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, е да се оневозможи движење со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште кое се обработува во оваа месност.

– Работите на рехабилитација се однесуваа за патот во м.в. Долни Бавчи во должина од 1.000 метри и со ширина од 4,5 метри кој поминува низ земјоделско обработливо земјиште, претежно овоштарници и ниви. Вкупната вредност на изведба на работите за рехабилитација согласно потпишаниот Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и изведувачот СД Транс ДООЕЛ Славе увоз-извоз село Ѕвегор, Општина Делчево изнесува 1,17 милиони денари, информираше Трајковски.

Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, преку Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година, за чие искористување помеѓу МЗШВ и Центарот за развој на источниот плански регион беше склучен Договор за финансирање.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:делчеводолни бачвирурален развој
Претходен напис Министерството за економија надоместува до 25.000 денари од трошоците за изработка на документација за приклучок на системот за дистрибуција со природен гас во домаќинствата
Следен напис По студеното утро, нè очекува сончев и топол ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?