За само еден ден, 150 агрономи пристапиле во Здружението Агроном 1947, кое беше промовирано вчера во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Агроном 1947 е водечки центар на професионалци во земјоделскиот сектор кои работат заедно за да создадат конкурентен земјоделско-прехранбен сектор преку пренос на знаење, технологија, информации и иновации во секторот.
-Агроном 1947 е формиран со слободно здружување на земјоделските инженери во Република Северна Македонија, заради остварување на професионалните интереси во насока на препознавање и промоција на професијата, достигнувањата во секторот и влијанието во процесите на креирање, следење и имплементирање на иновативните политики во земјоделството и руралниот развој, наведуваат од здружението.
Редовен член на Здружението може да биде секој дипломиран земјоделски инженер на територијата на Република Северна Македонија. Постои можност и за членување и на сите други заинтересирани лица кои ги споделуваат вредностите на Здружението и имаат желба да се вклучат во реализирањето на активностите и постигнувањето на целите на Здружението, како почесни членови.
Сите заинтересирани можат да се зачленат во Агроном 1947 и онлајн на следниов ЛИНК.

Mi se dopaga