Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерството за економија објави Јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за домаќинства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерството за економија објави Јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за домаќинства
Агровести

Министерството за економија објави Јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за домаќинства

Објавено 25/04/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија годинава издвои буџет во износ од 30 милиони денари зa Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2023 година. Средствата се наменети за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка, на градба на која имаат право на сопственост или користење во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година.

Како што кажа министерот за економија Крешник Бектеши на прес конфернцијата со оваа мерка треба да се опфатат над 400 домаќинства за кои повратот ќе биде до 30 отсто, но не повеќе од 80.000 денари. Дополнително на тоа, согласно новиот правилник и другите подзаконски акти, обврска е на универзалниот снабдувач, вишокот на електрична енергија да ја преземе и согласно утврдената цена на Регулаторната комисија за енергетика да им ја плати или да им ја надомести дополнително на секој од домаќинствата кои ќе одлучат да направат вакви инвестиции.

Бектеши: Субвенции од 20.000 денари за вградени ПВЦ прозорци, 15.000 денари за топлински пумпи и 80.000 денари за поставување на фотонапонски централи во домаќинствата

За овој оглас можете да аплицирате сами и да ги пополните следните документи, што можете да ги подигнете и од Архивата на министерството или онлајн:

–БАРАЊЕ;

БарањеПреземи

–ДОКАЗ во оригинал дека е извршено купувањето на фотонапонските панели и пропратната опрема за производство на електрична енергија до 6 kW, и тоа: – фискална сметка (со датум најрано од 1 јануари 2023 година) или фактура со извод од деловна банка или уплатница (со датум најрано од 1 јануари 2023 година)

–ДОКАЗ дека фотонапонската електроцентрала е ставена под напон со доставување на фотокопија од Известување од ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје дека фотонапонската електроцентрала е ставена под напон;

–ИЗЈАВА заверена на нотар по денот на објавување на огласот (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk);

ИзјаваПреземи

– ФОТОКОПИЈА од лична карта на барателот и

–ТРАНСАКЦИСКА сметка на барателот.

Сите пополнети документи потребно е да се стават во затворен плик и да се достават до Министерството за економија директно, или по пошта на следната адреса: Јуриј Гагарин” бр.15, 1000 Скопје.

На пликот потребно е да назначите дека е за ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ И ИНСТАЛИРАЊЕ НА ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ДО 6 КW ЗА СОПСТВЕНА ПОТРОШУВАЧКА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА, НА ГРАДБА НА КОЈА ИМА ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ ЗА 2023 ГОДИНА.

На пликот треба да го пишува и ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО заедно со АДРЕСАТА НА БАРАТЕЛОТ.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок по овој основ.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен”, се до искористување на предвидените средства за оваа намена.

Листата на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за економија најдоцна до 31.12.2023 година.

Повеќе на линкот: Министерство за економија за ЈАВЕН ОГЛАС за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW

Може да ви се допадне

Осум пожари на отворено во текот на денов, три се уште активни
Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона
Различни вкусови, рачни изработки и музички изведби го промовираа прекуграничниот регион на настанот „Border Bite” во Дојран
Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
ЦУК: Активни два пожара кај Трубарево и Опаје, еден изгаснат во Велес
Таг:photovoltaic power plantsфотонапонски електроцентрали во домаќинствата
Претходен напис ЕУ даде зелено светло за реконструкција на главната климатска политика
Следен напис Прелева браната Глажња, вода ќе имаат и кумановци и земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?