Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Годишно собрание на Националната федерација на фармери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Годишно собрание на Националната федерација на фармери
Агровести

Годишно собрание на Националната федерација на фармери

Објавено 24/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националната федерација на фармери денеска одржа редовна седница на Годишното собрание на НФФ, на која се разгледаа активностите кои следуваат за тековната година и извештаите од претходната година.

На свечениот дел, се обратија претставници од Федерацијата и претставници од инститиции кои во текот на изминатиот период соработувале со организацијата, вклучувајќи ја и претседателката на НФФ Васка Мојсовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и регионалната директорка на We Effect Europe, Анели Леина.

На седницата беа доделени благодарници за соработка со Националната федерација на фармери, а добитник на благодарница беше и министерот Љупчо Николовски.

„Посебно ми значи денешната благодарница од Национална федерација на фармери. Таа е доказ за нашата успешна досегашна соработка, но за мене и обврска истата уште повеќе да ја развиваме во нови проекти и успеси во корист на земјоделците“, рече Николовски.

Николовски нагласи дека соработката со Националната федерација на фармери е од исклучително значење.

„Ние сме партнери во вистинска смисла на зборот. Заедничките успеси се многубројни, со јасна визија и цел:

-Жените земјоделки за прв пат во историјата после 30 години добија право на платено мајчинство.

-Заради успешноста на мерката Рурална жена двојно ја зголемивме поддршката од 3.000 на 6.000 евра и постигнавме рекордни резултати.

-Заедно ја креиравме најголемата земјоделска реформа и новиот модел за субвенционирање.

-Новата програма за мали производители и мали семејни винарии.

-Креиравме правилници за продажба од праг и фарма.

-Ја спроведовме програмата за откуп и дистрибуција на македонското јаболко до 186.000 ученици.

Заедно не чекаат уште многу нови предизвици за нови успеси!“. рече Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:НФФ
Претходен напис Мојсовска: Навременото наводнување на земјоделските површини е најбитно во справувањето со климатските промени
Следен напис Побрзајте „прв дојден, прв услужен“: Објавен огласот за надоместување на дел од трошоците за вградени ПВЦ и алуминумски прозорци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?