Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исчистени и затворени дивите депонии во три села во општина Чешиново-Облешево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Исчистени и затворени дивите депонии во три села во општина Чешиново-Облешево
Рурален Развој

Исчистени и затворени дивите депонии во три села во општина Чешиново-Облешево

Објавено 19/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Исчистени и затворени се три нелегални депонии за комунален и друг вид отпад на територијата на општина Чешиново-Облешево, а локациите се уредени и вратени во претходната состојба.

По неодамнешното расчистување на локацијата кај селото Чифлик, што жителите ја користеа за исфрлање отпад, слични активности се реализираа и кај селата Спанчево и Чешиново, каде повеќегодишните диви депонии веќе не се во функција.

Од Општина Чешиново-Облешево истакнаа дека со механизција целосно е исчистен и дислоциран отпадот, а просторите се преуредени. На местата каде што имаше купишта ѓубре, нанесен е слој од земја, а локациите се израмнети и средени.

Чистењето на отпадот и затворањето на дивите депонии ќе продолжи и во другите населени места во општината. Локалната самоуправа упати јавен повик до граѓаните да ги почитуваат забраните за исфрлање отпад од домаќинствата и заеднички да се грижат за чистата и здрава животна средина.

Расчистувањето на дивите депонии на територијата на општина Чешиново-Облешево е дел проектот за изградба на регионални депонии во државата, со кој треба да се реши проблемот со загадувањето на животната средина.

Слични активности се почнати и во општините Кочани и Виница, за што веќе е избрана фирмата „Ескаватори МК“, која ја презема обврската да го спроведе расчистувањето и уредувањето на дивите депонии во Источниот плански регион. 

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:диви депонииЧешиново-Облешево
Претходен напис Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“
Следен напис Николовски: Во јуни следи објаснувачкиот и билатерален скрининг и усогласување на нашето законодавство во земјоделството со ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?