Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина претставени на изложба во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина претставени на изложба во Кочани
Саеми и манифестации

Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина претставени на изложба во Кочани

Објавено 30/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Можностите за искористување на остатоците од земјоделството како готови производи и прототип-дизајни се претставени на изложба што ја организираше граѓанското здружение за културно-уметнички дејности „Одоната” од Кочани.

Изложбата е дел од проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани”, што се реализира во партнерство со Македонското модно здружение од Скопје, а во кој беа вклучени дваесетина млади уметници, истражувачи, дизајнери и креативци од средното училиште „Љупчо Сантов“ и основното училиште „Малина Попиванова“ од Кочани.
– Целта на проектот е да ја подигнеме свеста и креативноста за искористување на отпадот од оризот како алтернативна суровина. Организиравме теоретски и практични работилници на кои, преку иновативна и еко-одржлива уметничка практика, покажавме што сè може да се направи од сламата, лушпата и оризовото брашно. Споделивме многу знаења со учениците кои во изминатите осум месеци создадоа уметнички дела, сувенири со мотиви од Кочани, украси во домаќинството, делови од мебел, како и модни креации и детали, истакна Габриела Митева, претседателка на здружението „Одоната“. Членовите на здружението најавија дека и по завршувањето на проектот ќе ги продолжат активностите и истражувањата за искористување на земјоделските остатоци, а во зависност од интересот, изложбата ќе биде поставена и во други градови во државата. [Кочани изложба земјоделски остатоци 1] Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од фондовите на ЕУ со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кочани. Едукативните активности за учениците се реализираат преку проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е, поддржан од владата на Швајцарија, а имплементиран од Хелветас.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:одоната
Претходен напис Македонците консумираат најмалку месо во Европа, 39 килограми по жител годишно
Следен напис (Видео) Миризливата страна на бизнисот: Разнобојно „море“ кое на Холандија ѝ носи цело богатство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?