Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пролетно садење на овошки – Внимавајте да не разлисталe и не садете предлабоко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Пролетно садење на овошки – Внимавајте да не разлисталe и не садете предлабоко
Растително производство

Пролетно садење на овошки – Внимавајте да не разлисталe и не садете предлабоко

Објавено 27/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сигурно веќе многупати сте слушнале дека овошките е најдобро да ги садите во есен.
Но, ако не сте стигнале да го направите тоа, а сакате својата градина да ја збогатите со плодоносно стебло, не е доцна ни сега. Па ни во април или во мај.

Без оглед кога го садите, ако сакате дрвцето добро да се зафати и здраво да расте, потребно е да му обезбедите дополнителни услови.

Прво и најважно е садниците што сте ги купиле да се во мирување, а тоа значи да немаат пупки, ливчиња или цветови.

„Садниците треба да се чуваат во ладилник каде што се одржува мирувањето. Расадничарите ги вадат од земјата и ги ставаат во браздите. Таквото младо стебло можете да го посадите кога сакате“, советува дипл. инж. Томислав Солдо.

Што ако садницата разлистала?

Но што е со садниците кои многу луѓе ги купуваат во трговските центри, кои веќе разлистале или дури и процветале, а истовремено се жедни за вода и ѓубриво?

„На таквата садница треба да и се помогне со смеса од вода, земја и по можност ѓубриво“, советува Солдо како да се оживее младото растение. Вели, ако немате ѓубриво, доволно ќе биде и земја и вода бидејќи овошката дехидрирала. Така се чува 48 часа, по што се поткаструваат подебелите корени, а се остава оној повлакнестиот, тенкиот, кој ја впива водата и растворените минерални состојки од почвата. „Ако го исечете подебелиот дел од коренот, нема да биде потребно да се прави ни голема дупка за садење“, коментира Солдо.

Не садете предлабоко

Кога станува збор за садењето, советува да не садите подлабоко од колку што било засадено во расадникот. Затоа обрнете внимание на кореновиот врат – делот од растението веднаш над коренот. Значи, садницата во земјата треба да биде до тој посветол дел од тенкото стебло.

Би било идеално во дупката да ставите и ѓубре, но никако директно на коренот. Тој прво се посипува со одредена количина земја, на што се расфрла ѓубривото, а после тоа се затрупува со остатокот од земјата и се нагазува.

Ако немате систем за наводнување „капка по капка“, овошката во случај на недостиг на дожд, доволно е обилно да се залее еднаш неделно.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:садници
Претходен напис Скоро половина од медот увезен во ЕУ е лажен
Следен напис (Видео) Дронот може да опраши 8 до 10 хектари за еден час
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?