Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Kопенхаген: Наскоро бесплатно овошје достапно за секој жител на градот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Kопенхаген: Наскоро бесплатно овошје достапно за секој жител на градот
Магазин

Kопенхаген: Наскоро бесплатно овошје достапно за секој жител на градот

Објавено 30/01/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 „ За градот размислуваме  како на  заедничка сопственост на сите граѓани. Ние сакаме просторот во кој што сите заеднички живееме да биде корисен и луѓето да бидат во контакт со природата “

Копенхаген е познат како еден од најзелените и најиновативните градови во светот, а неговите жители но и сите останати луѓе кои ќе се најдат во овој град, наскоро ќе можат да имаат бесплатно овошје во секое време од денот кое ќе можат самите да си го наберат.

 Имено, според порталот Intelligentliving, советот на градот  неодамна одлучил да засади овошни насади низ целиот град. Овошките ќе се садат во паркови, игралишта, околу цркви, училишта, факултети и други јавни места, а главната цел на оваа акција е на сите жители на градот  и  на сите туристите здравјето да им биде на дофат. „ За градот размислуваме  како на  заедничка сопственост на сите граѓани. Ние сакаме просторот во кој што сите заеднички живееме да биде корисен и луѓето да бидат во контакт со природата“ –изјави претставничката на градот  Астрид Алер, која всушност ја започна оваа иницијативата.

Сакаме на децата да им ја ​​приближиме природата и здравата храна

 Капини и јаболкници се само некои од растенијата што наскоро ќе бидат засадени, бидејќи данската престолнина се обидува да создаде интерактивен градски овоштарник. Со оглед на тоа што повеќето луѓе кои живеат во главниот град на Данска немаат свои градини и дворови, повеќето возрасни а особено децата не се во можност да го видат процесот на одгледување на овошје. Овој проект на градот би им помогнал да учат за природата и како да градат подлабоки врски меѓу луѓето во секоја област.

 „Нас ни треба  подабоко  разбирање на системот на исхрана и едукација за тоа  од каде доаѓа храната. За да ја промовираме оваа врска, во иднина ќе се залагаме и за тоа да донесеме повеќе домашни животни во зоолошката градина, за да можат децата поблиску да ги запознаат “, соопшти градскиот совет.

Покрај тоа, децата секогаш бараат нешто за грицкање додека шетаат низ градот, а на овој начин ќе можат самите да си земат поздрава варијанта.

 Планот за правење на  градски овоштарник, предизвика  и низа  критики

Некои жители на градот стравуваат дека овошјето ќе паѓа и ќе гние на велосипедските патеки, што е опасно за велосипедистите. Други пак  се грижат дека трошоците за одржување ќе бидат големи, трети велат дека ќе има многу  оси и други инсекти.

На овие критики градскиот совет одговара дека со добро  планирање и  засадување можат значително да се намалат трошоците и да се  создадат биодиверзитети без никакви несакани ефекти.

Извор.Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Бесплатно овошје за ситеКопенхагенПроект за овоштарници во градот
Претходен напис Земјоделците од Егри го усвоија планот за консолидација на земјоделско земјиште, за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнуваат
Следен напис Денеска исплатени субвенциите за поледелски култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?