Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска исплатени субвенциите за поледелски култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Денеска исплатени субвенциите за поледелски култури
Субвенции

Денеска исплатени субвенциите за поледелски култури

Последна измена: 04/02/2020 09:25
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ги исплати субвенциите за одгледувачите на поледелски култури. Станува збор за исплата по мерката 1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои во производната 2018 – 2019 година имаат засеани и ожнеани површини со: пченица, јачмен, пченка, рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, соја и сончоглед. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појасни дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.

„ Без селекција и во еден ден на сметките на 23.108 субјекти исплативме 376.122.517,00 денари. Со ова покажуваме дека во еден ден и без никаква селекција се исплатија сите кои одгледуваат поледелски култури со исклучок на тутунот. “ – истакна Бабовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше дека МЗШВ и Агенцијата и во наредниот период ќе продолжат со праксата на навремена исплата на финансиската поддршка во земјоделството.

„Политиките на навремена и не селективна исплата на субвенциите продолжуваат токму во периодот кога средствата им се најпотребни. Со ова докажуваме дека ние се грижиме за земјоделците. Денеска се исплатени субвенции за поледелски култури во висина од 6,3 милиони евра за над 23 илјади земјоделци.“ – истакна министерот Димковски

Димковски и Бабовски појаснија дека нема застој во исплатите на субвенциите. Оваа Влада од почеток на мандат до денеска има исплатено 341,5 милиони евра по Програмата за земјоделство и рурален развој.

Може да ви се допадне

Субвенции од 100% за набавка на ГОРИВО за земјоделска механизација
Со новиот Закон за земјоделство и рурален развој – 70% СУБВЕНЦИИ од висината на ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
Исплатени субвенции за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи
Исплатени СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН
Таг:АПФРЗбабоскиполеделцирурален развој
Претходен напис Kопенхаген: Наскоро бесплатно овошје достапно за секој жител на градот
Следен напис До вторник сончево, а потоа голема промена: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?