Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Љупчо Николовски се сретна со заинтересираните за грантови за мали семејни винарии и дестилерии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Љупчо Николовски се сретна со заинтересираните за грантови за мали семејни винарии и дестилерии
Агровести

Министерот Љупчо Николовски се сретна со заинтересираните за грантови за мали семејни винарии и дестилерии

Објавено 09/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска беше на средба со заинтересирани лица за грантови за мали семејни винарии и дестилери. На иницијатива на Министерството за земјоделство, во соработка со Здружението ,,Тиквешки семејни винарии” и претставници на ,,Македонски дестилерии”, во Неготино се одржа средба, на која присутните можеа да слушнат околу грантовите што можат да ги добијат за унапредување на своето производство. Деновиве беше објавен вториот повик за поддршка на мали семејни винарии. На средбата беа истакнати позитивните резултати од првиот ваков повик минатата година.

Јавен повик за финансиска поддршка на мали производители на вино и алкохолни пијалаци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство се осврна на поддршката што секогаш се дава во изминатиот период.
– Имавме интензивни разговори во 2022 година во делот на целиот модел на субвенционирање на сите програми, а многу време се потроши и на новите програми, додаде тој.

Николовски потсети на поддршката за заживување на програмата за стартап мали семејни бутик винарии, мали производители на вино, програма што даде одлични резултати.

– Тоа беше мотив за да се продолжи и да се работи на програмата за дестилерии и да се работи на она што денеска е актуелно, програмата за мали производители на храна. Волјата за поддршка ја покажуваме со овие нови програми. Нашиот фокус е да се поддржат малите производители. Сите нови програми ќе се тестираат и ќе се менуваат во наредниот период и ќе прераснат во системски мерки и политики. Успехот што беше со поттикнувањето на малите семејни винарии даде поттик за нови поддршки, нагласи министерот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:тиквешки семејни винарии
Претходен напис Турската влада ја укина забраната за извоз на домати
Следен напис Бачовски: Ајвар, лутеница, малиџано и кечап се производите кои со регистрирањето како мал производител во АХВ ќе може легално да се продаваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?