Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Владата потпишан договор со„Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во наредните шест години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Во Владата потпишан договор со„Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во наредните шест години
Рурален Развој

Во Владата потпишан договор со„Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во наредните шест години

Објавено 08/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, амбасадорката на САД, Ангела Агелер, од страна на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и претставници на меѓународниот конзорциум Бехтел Енка потпишан е Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д.

Во својот говор пред присутните, првиот потпретседател на Владата Груби рече дека овој проект е само добар почеток на една голема работа од прогласувањето на независноста на државата.

„Среќен сум што стојам овде пред вас како претседател на Комитетот за спроведување на преговорите за изградба на проектот Коридор 8 и 10 Д. Им благодарам на моите колеги министри, особено на амбасадата на Соединетите Американски Држави која секогаш стои зад нашите проекти и идеи, нашите партнери нашите супервизори и сите соработници кои учествуваат во овој проект. Овој проект е само добар почеток на една голема работа, најголема од прогласувањето на независноста на Република Северна Македонија“, рече Груби.

Проектот Коридорот 8 ќе се протега на должина од 68 километри со автопат со 6 ленти, кој ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево, Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10 Д, автопат со 6 ленти во должина од 40 километри, кој ќе го поврзе Прилеп со Битола.

Инаку, историскиот проект Коридор 8 и 10 Д ќе се финализира во период од 6 години од почетокот на работите. Реализацијата на оваа најголема капитална инвестиција во историјата на нашата земја ќе придонесе за економијата, за модернизација на патната инфраструктура, а во иднина ќе овозможи дополнителен развој на услугите, подобри услови за развој на бизнисот, поквалитетен живот и поврзување со соседите и меѓународните коридори.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:автопабехтел и енка
Претходен напис Основни принципи на заштита во органското производство на зелка
Следен напис Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Северна Македонија и Албанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?