Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се намалуваат глобалните резерви на житарки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се намалуваат глобалните резерви на житарки
Агровести

Се намалуваат глобалните резерви на житарки

Објавено 08/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во неодамна објавениот извештај, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FАО) ги објави очекувањата за светското производство на житарки. Податоците се уште се собираат и анализираат, а FАО предвидува производство поголемо за 9 милиони тони и сега вкупната бројка е 2.774 милиони тони, што сепак е за 1,3 отсто помалку од претходната година.

Најголем дел од нагорната ревизија се однесува на оризот и во помала мера на крупнозрнестите житарки.

Прогнозата за глобална искористеност во 2022/23 година е речиси непроменета овој месец. Таа изнесува 2.780 милиони тони, што е пад од 0,6 отсто под нивото од претходниот период. Се предвидува дека вкупната глобална искористеност на крупнозрнестите житарки ќе опадне.

Кога станува збор за пченицата, таа е ревидирана нагоре поради потрошувачката во добиточна храна. Севкупна прогноза за искористување на пченицата за 2022/23 година. изнесува 779 милиони тони.

Се предвидува дека глобалните залихи ќе паднат за 1,2 отсто од нивното почетно ниво, достигнувајќи 844 милиони тони. Зголемениот бразилски извоз на пченка дополнително доведе до намалување на залихите за 3,2 милиони тони за овој месец.

Пченица со 306 милиони тони во 2022/23 останува блиску до минатомесечната прогноза и укажува на пораст од 4,1 отсто во однос на почетното ниво. Најголем дел од тој пораст е концентриран во Кина и Русија и изнесува 9 милиони тони, односно достигна 194 милиони тони.

За светската трговија со житарки во 2022/23 година се предвидува пад од 1,8 отсто под нивото 2021/22 година на 473 милиони тони, што е речиси непроменето во однос на претходната прогноза. Од очекуваните 223 милиони тони, прогноза на трговијата со крупнозрнести житарки за 2022/23 година. (јули/јуни) сè уште укажува на пад од 3,3 отсто во однос на нивото од 2021/22 година, поттикнат од очекуваниот пад на глобалната трговија со јачмен и сирак, додека пченката останува блиску до нивото од 2021/22 година.

Се предвидува дека меѓународната трговија со ориз во 2023 година ќе изнесува 53 милиони тони, што е мала промена во однос на февруари и за 5,6 отсто послабо од врвот во 2022 година.

За разлика од горенаведеното, светската трговија со пченица во 2022/23 (јули/јуни) треба да се зголеми за 1,1 отсто во однос на нивото од 2021/22 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:глобални резрвипченицапченка
Претходен напис Пролетниот преглед на пчелните семејства да се направи на температури над 14 степени
Следен напис (ВИДЕО) Дали цилиндричните кошници носат револуција во пчеларството?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?