Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Турција се ангажира околу продолжување на договорот за извоз на житарки од Украина преку црноморските пристаништа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Турција се ангажира околу продолжување на договорот за извоз на житарки од Украина преку црноморските пристаништа
Агровести

Турција се ангажира околу продолжување на договорот за извоз на житарки од Украина преку црноморските пристаништа

Објавено 06/03/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара се ангажира за продолжување на договорот, кој е поддржан од ОН, а на Украина и овозможува да извезува житарки преку црноморските пристаништа.

–Напорно работиме на непречено спроведување и натамошно продолжување на Договорот за житарки – рече Чавушоглу во говорот на конференцијата на ОН за неразвиените земји, што се одржува во Доха, Катар.

Чавушоглу посочи дека разговарал за напорите за проширување на Договорот за житарки со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, пренесе Ројтерс.

Русија минатата среда објави дека ќе се согласи да го продолжи рокот на важност на договорот, доколку се земат предвид интересите на руските земјоделски производители.

Договор за извоз на житарки од Украина преку црноморските пристаништа беше постигнат во јули минатата година меѓу Москва и Киев, со посредство на ОН и Турција, бидејќи Русија ги блокираше тие пристаништа по почетокот на конфликтот во Украина.

Договорот беше продолжен во ноември и ќе истече на 18 март, доколку не се постигне договор за продолжување.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:турцијацрно море
Претходен напис Претставници на „Тиквешки семејни винарии“ во стручна посета на словенечки винарници
Следен напис Ново поскапување на цените на горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?