Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се усогласува нашето законодавство со законодавството на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се усогласува нашето законодавство со законодавството на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата
Агровести

Се усогласува нашето законодавство со законодавството на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата

Објавено 01/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вредноста на проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“ е 240 илјади, но вистинската вредност е многу поголема и придобивките се значајни не само за Министерството, инспекторатот, институциите и државата, туку за сите. Резултатот од проектот е усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во конкретниот член – рибарство и придонесуваме кон пристапувањето кон ЕУ. рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во рамки на проектот, кој се спроведувал девет месеци од мај 2022 година, реализирани се голем број посети, средби и расправи, а конкретните продукти, како што беше посочено, се Закон за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, седум правилници кои призлегуваат од законите и се усогласени со ЕУ и подзаконските акти за заедничко уредување на пазарите.

На завршниот настан, Николовски истакна дека овој проект е модел како да се спроведуваат проектите за кои што, како што рече, „интензивно работиме како Министерство и користиме европски средства“.

– Вредноста на проектот е 240 илјади евра, но вистинската вредност е многу поголема. Она што сакам да го нагласам е дека придобивките не се значајни само за МЗШВ, инспекторатот, институциите и државата, туку за сите. Затоа што со резултатот од проектот одиме кон усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во конкретниот член – рибарство и придонесуваме кон пристапувањето кон ЕУ – рече тој. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕУзаконодавствоНиколовскирибарство
Претходен напис Нивото на водата во Охридското Езеро се уште далеку под просекот
Следен напис Николовски: Со замрзнатата цена на лебот ги штитиме граѓаните, не може некој да се богати, а друг да осиромашува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?