Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште една година бесцарински извоз од Украина во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште една година бесцарински извоз од Украина во ЕУ
Агровести

Уште една година бесцарински извоз од Украина во ЕУ

Објавено 01/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија предложи продолжување на т.н автономни трговски мерки, односно суспензија на увозните царини, квоти и мерки за заштита на трговијата поврзани со украинскиот извоз во Европската Унија за уште една година. Со тоа продолжува поддршката за украинската економија и се помага да се ублажи тешката ситуација со која се соочуваат тамошните производители и извозници поради војната со Русија.

Главната цел на овие мерки е да се обезбеди поддршка за Украина, притоа почитувајќи ги интересите на индустријата на ЕУ. За таа цел и имајќи го предвид значителното зголемување на увозот на некои земјоделски производи од Украина во Унијата во текот на 2022 година, ова продолжување сепак содржи заштитен механизам, кој по потреба ќе може брзо да го заштити пазарот на ЕУ, порачуваат од ЕК. Сепак, не е прецизирано за каков механизам станува збор.

Парламентот и Советот на ЕУ ќе го разгледаат предлогот, имајќи ја предвид важноста да се обезбеди непречена транзиција од постоечкиот кон новиот режим.

Овие мерки се во сила од 4 јуни 2022 година и имаа позитивен ефект врз трговијата на Украина со Унијата. Тие, заедно со коридорите на солидарност, обезбедија исклучителна стабилност на трговските текови во текот на 2022 година и покрај нарушувањата предизвикани од војната и општиот тренд на значително намалување на вкупната тамошна трговија.

Ова го потврди и потпретседателката на Владата и министерка за економија на Украина, Јулија Свириденко, наведувајќи дека благодарение на целосното укинување на царините, нивниот бизнис успеал да го зголеми извозот во ЕУ за време на војната, пишува APK-Inform.

„Во 2022 година извозот во ЕУ изнесуваше 27,9 милијарди долари. Тоа е 63 отсто од нашиот минатогодишен извоз“, нагласи таа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бесцарински извозЕУУкраина
Претходен напис Стотина трактори чекаат да бидат легализирани, половина од нив во Тиквешко
Следен напис Реконструкција на ловечката куќа Милисин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?