Во Болоња се одржува второто издание на големиот саем за вино Slow Wine Fair 2023. Во друштво на 791 винарија од 21 земја, Република Северна Македонија се претставува со 12 мали семејни винарии со 40 етикети на вино.
Нашите винарии во Болоња ги промовираат автохтоните сорти на грозје, традиционалните и одржливи техники на производство, како и нашето традиционално гостопримство преку развој на винскиот туризам.

„Малите семејни винарии се наша успешна приказна и како таква, ја продолжуваме поддршката за нив со грантови до 10.000 евра, а како новитет е и финансиската поддршка од 5.000 евра грант за дестилериите. Како Министерство ќе продолжиме да даваме поддршка на ваквите саеми каде ја промовираме нашата земја преку вкусот на нашето, домашно, македонско.“, рече министерот Љупчо Николовски.

