Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Виолети: Нова сорта на зелка станува тренд во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Виолети: Нова сорта на зелка станува тренд во Европа
Растително производство

Виолети: Нова сорта на зелка станува тренд во Европа

Објавено 21/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холандските одгледувачи со вкрстување на таканаречената шилеста зелка и виолетовата зелка, создале шилеста виолетова зелка наречена Виолети, пишува Freshplazza.

Се одгледува во органско и конвенционално производство. Бојата ја наследила од виолетовата зелка, а благата арома од шилестата.
Може да се користи во рецепти за разни јадења и салати, а се подготвува брзо и лесно. Најмногу се користи за подготовка на салати и предјадења поради нејзината крцкавост. Може да се вари, да се динста, да се пече, да се пржи. Особено е популарна кај помладите генерации кои сакаат здрава и разновидна храна.

Главиците од 500 до 800 грама се продаваат на парче, додека поголемите се преработуваат. Често е составен дел на мешавините од зеленчук поради својата боја. Голем интерес за зелката Виолети покажала и преработувачката индустрија.

Ја одгледува компанијата TB&S, која е специјализирана за шилеста зелка. Имаат вкупно 600 хектари во Холандија и Португалија од каде редовно го снабдуваат европскиот пазар.

Побарувачката за овој зеленчук расте и во Скандинавија, толку многу што производството не може да ја задоволи побарувачката.

Достапна е во текот на целата година. Зелката Виолети одгледувана во Холандија пристигнува на пазарот од средината на јуни, додека складираните се испорачуваат до крајот на март, кога пристигнуваат оние кои се одгледуваат во Португалија и се достапни до средината на јуни.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:violettiвиолетова зелказелкашилеста зелка
Претходен напис Утрово најстудено во Берово, -5 степени, најтопло во Дојран
Следен напис Србија воведува увозна такса за млеко и млечни производи за да го заштити домашното производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?