Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема повеќе штети од град: Владата го објави јавниот оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Нема повеќе штети од град: Владата го објави јавниот оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди
Агропрогноза

Нема повеќе штети од град: Владата го објави јавниот оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Објавено 24/01/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас за „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Проценетата вредност на јавната набавка за услугата без ДДВ е 50.847.458 денари. За оваа намена преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се обезбедени 60 милиони денари со вклучен ДДВ. За реализација на услугата економскиот оператор треба да располага најмалку со два авиони кои треба да бидат двомоторни и да ги исполнуваат меѓународните стандарди за летање во специфични временски услови, да поседува соодветни дозволи и лиценци за ваков тип на услуги и други потребни услови согласно спецификацијата на јавната набавка.

Заштитата од град со авионско засејување ќе се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија. Рокот за доставување на понуди е до 20-ти февруари годинава.

Се работи за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците, со којшто се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град.

Овој вид на заштита постигнува поголем квалитет во вештачкото влијание врз термо-динамичките процеси во атмосферата и директен увид во ефектите при самото испуштање на реагенсот во облаците. Оваа метода вклучува третирање, т.е. засејување на градонoсни облаци со реагенси, пред сè, сребрен јодид (AgJ) како најзастапен реагенс во светот. Засејувањето на облакoт е засновано на концептот на „корисна конкуренција“. Како резултат на методата, зрната град што се формираат во рамките на засејаниот облачен волумен ќе бидат со помали димензии, поради прераспределбата на содржината на преладена облачна вода на повеќе ледени кристали кои настануваат како резултат на хетерогената нуклеација на реагенсот, и логично ќе предизвикаат помала штета ако доспеат да паднат на површината на земјата. Ако во регионот со вертикален развој на облакот се внесат доволен број ледени јадра (нуклеуси), тогаш зрната град ќе бидат доволно мали, така да при паѓањето во топлиот сектор на облакот ќе се стопат пред да паднат на земјата. Процесот на засејување се изведува се додека не се намали кумулациската зона под критериумите за засејување или не ја напушти заштитуваната област.

Материјалот за засејување на градоносните облаци е сребро јодид (AgJ), кој се внесува во облакот во форма на вештачки кондензациски јадра од ледени кристали. Засејувањето со вештачки јадра на сребро јодид се извршува со специјално опремени авиони и процедури на засејување во зависност од метеоролошките услови. Техниката на засејување на врв на облак се одвива врз „feeder“ ќелии и на ковективен едноќелиски развој. Засејувањето на фидерот се врши околу нивото на -10°С (секогаш помеѓу -8°C и -15°C) и кога е возможно на растојание помало од 300m од врвот на облакот.

Од сите досегашни анализи, авионското засејување на облаците наспроти останатите механизми, се има покажано како најефикасна превенција. Земјите од регионот како Грција, Бугарија и Словенија веќе го користат овој систем и имаат позитивни резултати. Овој начин е неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање на град се нанесува директно на критичната облачна маса, додека со ракетните системи функцијата се врши од копно и непрецизноста го прави неефикасен ракетниот систем.

Може да ви се допадне

Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Таг:авионскоградзасејувањејавен огласмеркиухмрштети
Претходен напис Жителите во општина Лозово, после 24 години, за првпат добиваат 8 нови асфалтирани улици
Следен напис Атанасов: Се трасира патот за извоз на производи од месо во САД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?