Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Атанасов: Се трасира патот за извоз на производи од месо во САД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Атанасов: Се трасира патот за извоз на производи од месо во САД
Агровести

Атанасов: Се трасира патот за извоз на производи од месо во САД

Последна измена: 24/01/2020 12:24
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со одржување работни состаноци со операторите со храна на кои претставниците од компаниите подетално го запознаваат со своето работење, новините, но и пречките со кои се соочуваат во текот на својата работа. Во таа насока, директорот Атанасов на 22 јануари, оствари средба со менаџерскиот тим на Ука Комерц, фамилијарна компанија која е основана во 1991 година и чија основна дејност е производство и ставање во промет на сувомеснати производи.

За време на состанокот, сопственикот на Ука Комерц, г-дин Адем Абази, го изрази своето задоволство од несебичната соработка и поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство во исполнувањето на мисијата на компанијата односно обезбедување највисок квалитет на сопствените производи и одржување на довербата на потрошувачите на домашниот но и меѓународниот пазар. Компанијата произведува широка палета сувомесни производи од говедско и пилешко месо, согласно сите меѓународни стандарди за квалитет и безбедност (ISO 9001 и HACCP, HALAL), користи модерна и современа технологија, а сето тоа е заокружено со ангажиран високо-квалификуван персонал.

Успешната соработка со бизнис секторот, стручноста на вработените и посветеноста на работата и заложбите како на тимот на Агенцијата за храна и ветеринарство, така и на самите компании, неодaмна уште еднаш се докажа дека резултира со успех не само на национално ниво туку и на меѓународен план. Од неодамна Ука Комерц е уште една компанија на листата на објекти која е одобрена за ставање на своите производи на пазарот на Европската унија.

На барање на бизнис заедницата во Република Северна Македонија во областа на месната индустрија, меѓу кои е и Ука Комерц, Агенцијата за храна и ветеринарство воспостави комуникација со надлежните служби во Соединетите Американски Држави во насока на усогласување на законските барања за увоз на производи од месо на пазарот на САД. Директорот Атанасов го искористи денешниот состанок да го информира менаџерскиот тим на Ука Комерц дека активностите за усогласување на националното законодавство со барањата за увоз во САД се во напредна фаза, а по нивно финализирање операторите ќе бидат детално запознаени со постапката на одобрување и извоз на производите од месо на пазарот на САД.

На крајот на состанокот директорот Атанасов и г-дин Абази ги изразија своите намери и посветеност за продолжување и продлабочување на соработката во насока на исполнување на очекувањата и барањата на домашните потрошувачи, но и со цел признаеност и препознатливост на квалитетот на производите на меѓународниот пазар.

Може да ви се допадне

Рекордно производство на жито, но потрошувачката ја надминува понудата?
Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
Каракашев: Земјите во соседството ги штитат земјоделците, кај нас се е оставено на милост и немилост на трговците
„Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
Таг:ахвЗоран АтанасовИзвоз на производи од месо во САДУка комерц
Претходен напис Нема повеќе штети од град: Владата го објави јавниот оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди
Следен напис Со средства од мерката Млад земјоделец се отвораат нови и осовременуваат постојните фарми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?