Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ доби позитивна оценка од сертификационо тело QualityAustria за квалитетот на услугите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ доби позитивна оценка од сертификационо тело QualityAustria за квалитетот на услугите
Агровести

АХВ доби позитивна оценка од сертификационо тело QualityAustria за квалитетот на услугите

Објавено 16/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство доби позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело QualityAustria за Република Северна Македонија за функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.

Од страна на надворешните аудитори беше изразено огромно задоволство во однос на одржувањето и континуираното подобрувањето на Системот за менаџмент со квалитет, по што беше најавено дека сертификациското тело Quality Austria ќе го продолжи сертификатот за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Позитивните оценки за работењето на Агенцијата следуваат по спроведениот надворешен аудит на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015, кој се реализираше во рамки на сите сектори и одделенија.

Целокупниот аудит ги опфати сите барања на стандардот, почнувајќи од системските процеси на преиспитување на врвното раководство, контекстот на Агенцијата преку влијание на надворешни и внатрешни фактори и заинтересирани страни, оперативните ризици во процесите преку FMEA методологија, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка и дефинирани неусогласености, анализа на задоволство на корисниците на услуги, како и мерките за континуирано подобрување.

Оперативните процеси беа разгледувани преку преглед на дефинираните и реализираните цели за квалитет, преку приказ на реални и мерливи индикатори и следење на трендот на резултатите по години.

За време на проверката беше утврден значителен успех во однос на резултатите од мерењето на задоволството на корисниците на услуги кое бележи нагорен тренд од 2016 година па до сега, при што во 2022 година корисниците на услуги дале највисоки оценки за услугите кои ги добиваат од вработените во Агенцијата.

Од страна на надворешните аудитори беше изразено огромно задоволство за целосната реализација на сите дадени препораки од претходниот аудит во насока на континуираниот процес на ефикасно и ефективно работење на Агенцијата.

Агенцијата ќе продолжи и понатаму да работи на целокупно одржување и подобрување на системот со максимална заложба на сите вработени, во насока на исполнување на барањата и очекувањата на корисниците на нејзините услуги.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АХВ
Претходен напис Искуства од соседството: Ги вложил парите заработени во Швајцарија во фарма за магариња, сега во ова српско село по млеко и сирење доаѓаат луѓе од цела Европа
Следен напис Рурална опсерваторија: Информации за руралните области во земјите на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?