Европската комисија формираше нова Рурална опсерваторија која на корисниците им обезбедува мноштво информации за која било рурална област во земјите на Европската Унија.
Содржи податоци како што се густина на население, просечно растојание до здравствените установи или брзина на широкопојасен интернет во кое било село, општина или регион во ЕУ.
Платформата овозможува и споредба на различни области за да се прикажат повеќе димензии и нивната различност.
Ќе се користи за информирање за усвојување на политики поврзани со руралните области, проценка на влијанието на иницијативите на ЕУ, следење на напредокот на акцискиот план за руралните области на ЕУ и Руралниот пакт, се наведува на страниците.
Getting to know EU’s regions: the European Commission launches the rural observatory👇https://t.co/JSVGf3DzfC
— Janusz Wojciechowski (@jwojc) January 26, 2023
Податоците се организирани во различни категории и ќе се ажурираат редовно. „Руралниот фокус“ овозможува споредба со урбани или средно урбани средини, притоа користејќи различни индикатори како што се демографија и миграција, економски развој, пазар на труд, туризам, образование, инфраструктура и пристапност, социјална вклученост, животна средина и клима, здравје.
Во делот „Трендови“, корисниците ќе можат да ги визуелизираат овие индикатори на мапа и да споредуваат региони, подрегиони и општини. Кога е можно, ќе бидат прикажани и идните планови.
Делот „Мое место“ дава детален преглед на секоја општина, прикажувајќи го населението, нејзината густина и еволуција, дистрибуција на користење на земјиштето, БДП, брзина на широкопојасен интернет, број на соби и капацитет за сместување, просечно растојание до училишта, здравствени установи, железнички станици и кина.
Секоја година ќе се спроведуваат неколку истражувачки трудови за различни аспекти од руралниот живот. Редовно ќе се ажурира со нови индикатори и визуелизација на податоци.
