Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Македонските премиум производи немаат проблем со пласманот и се нешто со што навистина треба да се гордееме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Македонските премиум производи немаат проблем со пласманот и се нешто со што навистина треба да се гордееме
Агровести

(ВИДЕО) Македонските премиум производи немаат проблем со пласманот и се нешто со што навистина треба да се гордееме

Објавено 08/02/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонските премиум производи имаат врвен квалитет, немаат проблем со пласманот и се нешто со кое навистина треба да се гордееме. Но, ако тие се спакувани соодветно, со етикети и доколку имаат сериозен маркетинг, ќе добијат подобри цени на светските маркети, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. 

Пред средбата со малите производители на храна, членови на „Алијанса Премиум“, Николовски апелира Собранието поскоро да ги ратификува договорите за пласман со Украина, Јордан и многу други земји кои се склучени минатата година. Во следните неколку месеци, тој го очекува, како што напомена, и договорот за обезбедување пласман и слободна трговија со Турција.

-Ако од домашните јаболка правиме што повеќе преработки, сокови и финални продукти, нема да имаме проблем со пласманот на јаболкото. Исто е и со грозјето. Лозарите се се позаинтересирани како да станат мали производители, да произведуваат премиум вино. Со програмите за поддршка што ги креиравме, на некој начин го решаваме и пласманот, но остануваме сериозно посветени да склучиме и што повеќе договори, истакна Николовски.

Министерот информираше дека Владата на вчерашната седница ја донесе Програмата за финансирање микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалоци за 2023 година. Со Програмата ќе се реализираат активности за поддршка на субјекти регистрирани како производители на вино и како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или мали дестилерии.

-Станува збор за доделување неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема и основни средства и услуги, а корисници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство кои се регистрирани како производители на вино со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно или земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и кои се регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи, или регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како мали независни производители на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии, согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи, рече Николовски. 

Според Александар Димитриевски од „Алијанса Премиум“, државната поддршка е многу важна за да не дојде до поскапување на производите, но и за да се задржи квалитетот.

-Државната поддршка за маркетинг, пласман и логистика на нашите премиум  производи ни значи многу за да ја задржиме цената, односно да не дојде до нејзино енормно зголемување. Ние сме увозно ориентирана земја, доаѓаат поскапа амбалажа и поскапи етикети со што варира и цената од лани до сега. Затоа, државната поддршка ќе ни овозможи да бидеме во компаративна предност, да не ги покачиме цените на сталажите, да останат исти и квалитетот да се задржи. Поддршката е воедно и апел до оние што продаваат „од праг“, да се приклучат на „Премиум алијансата“ за да допрат до одредени грантови и групни промоции за полесна продажба, рече Димитриевски.

„Алијанса Премиум“ засаега претставува 18 производи. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:алијанса премиум
Претходен напис Странски компании го стопираат извозот на семе од сончоглед во Русија
Следен напис Николовски: Обезбедуваме 600.000 денари поддршка за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг, а за малите дестилерии до 300.000 денари по корисник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?