Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кравите помалку испуштаат метан кога подригнуваат ако јадат морска храна – Бил Гејтс вложува во иновативно решение за климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Кравите помалку испуштаат метан кога подригнуваат ако јадат морска храна – Бил Гејтс вложува во иновативно решение за климатските промени
Магазин

Кравите помалку испуштаат метан кога подригнуваат ако јадат морска храна – Бил Гејтс вложува во иновативно решение за климатските промени

Објавено 03/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Милијардерот Бил Гејтс инвестира во австралиска старт-ап компанија, која работи на полето на климатските промени и има намера да ги намали емисиите на метан произведен од подригнувањето на кравите.

Основачот на Мајкрософт зборуваше за производството на месо и неговото влијание врз животната средина.

Кравите, козите, елените, испуштаат метан кога нивниот стомак вари тешки влакна, како што е тревата.

При тој процес на ферментација настанува метан, а најголемата количина од овој гас ја исфрлаат со подригнување.

Универзитетските истражувања покажаа дека би можело да дојде до значително намалување на емисиите на метан доколку кравите се хранат со морски треви.

Стартапот Rumin8 од Перт работи на додаток во исхраната, синтетички производ од црвени алги кој го спречува создавањето на метан.

Собрале 12 милиони американски долари во кампања за собирање средства со помош на компанијата Breakthrough Energy Ventures, која Гејтс ја купил во 2015 година, објави оваа австралиска компанија.

Во стартапот инвестирале и извршниот директор на Amazon, Џеф Безос и Џек Ма, кинески бизнисмен и основач на Alibaba.

-Многу сме задоволни од поддршката на фондовите за климатски промени ширум светот. Постои вистинска желба да се финансираат решенија за намалување на емисиите на метан од сточарството и, за среќа на Rumin8, инвеститорите ја гледаат користа во нашата технологија – изјави Дејвид Месина, директор на стартапот Rumin8.

Во октомври минатата година, со цел позитивно да се влијае врз климатските промени, Нов Зеланд предложи да се воведе оданочување на фармерите поради емисиите на гасови, кои настануваат при уринирањето и подригнувањето на нивниот добиток.

Ова ќе биде првата држава во која земјоделците ќе плаќаат за емисиите во некоја форма, почнувајќи најдоцна во 2025 година.

Во текот на 2019 година, концентрацијата на метан во атмосферата достигна историски рекорд и беше два и пол пати поголема отколку во прединдустриската ера. Научниците се загрижени бидејќи метанот има големо влијание врз глобалното затоплување.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Rumin8Бил Гејтсклиматски променикравиметан
Претходен напис Овоштарникот во февруари – По резидбата, заштитете ги овошките од измрзнување
Следен напис (ВИДЕО) Договорно производство на органска пиперка ајварка, лук и модар патлиџан – информации од семе до готов производ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?