Неодамна на каналот на Јутјуб „Landwirtschaft Forstwirtschaft“ беше објавено видео на кое се гледа најголемиот трактор John Deere во акција за подготовка на силажа.
Огромниот JD 9R има 691 КС и тежи 34,4 тони. Покрај силата, се карактеризира и со ефикасност. Машините на видеото се во сопственост на германска компанија од Баварија, која ги извршува сите активности поврзани со земјоделството и транспортот.
Опремен е со самоделувачка предна хидраулика и опции за баласт кои ја поддржуваат високата моќност на моторот и бруто тежината.
Покрај стандардниот, John Deere нуди и дополнителен пакет за максимална автоматизација, кој се однесува на вртењето, контрола на секциите, варијабилна брзина, пасивна контрола на приклучоците, споделување на податоци од терен и многу повеќе. Сите податоци и параметри за работата на машините, приклучоците, состојбата на теренот и ефикасноста се достапни за корисниците.
Во видеото се претставени мега трактори во работа со силажа од пченка што се користи за производство на биогас, а се силира во сило канали слични на оние што се користат за исхрана на добитокот.
Како изгледа тоа, погледнете во видеото:
