Покрај основните дејности, Јавното претпријатие Национални шуми врши и други дејности, кои се во врска со основните, а кои придонесуваат за подобро искористување на капацитетите, а тоа се лов и ловен туризам, одгледување на дивеч, собирање и доработка на други шумски производи.
Според Законот за ловство, 31 јануари беше последниот ден за лов на дива свиња, според тоа, ловот на дива свиња е завршен, информираше Ловечката федерација на РСМакедонија.
Влегуваме во период кога на дивечот му треба мир, за неговата природна репродукција.
Во меѓувреме, ќе се организираат хајки за штетен дивеч, за да се заштити популацијата на младенчињата на полезниот дивеч. Потоа, следува редовното пролетно пребројување и повторно подготовки за новата ловна година, во двете ловишта за крупен дивеч со кои располага претпријатието, на вкупна површина од 23.330 ха.
Да го заштитиме дивечот, бидејќи без дивеч нема ловство.
ЈП Национални шуми
