Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Иако кај нас има доста увозен мед, сепак Македонците знаат да препознаат квалитет, секогаш има луѓе кои го ценат трудот и природните производи, вели младиот пчелар Ненад од Грљани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Иако кај нас има доста увозен мед, сепак Македонците знаат да препознаат квалитет, секогаш има луѓе кои го ценат трудот и природните производи, вели младиот пчелар Ненад од Грљани
Магазин

Иако кај нас има доста увозен мед, сепак Македонците знаат да препознаат квалитет, секогаш има луѓе кои го ценат трудот и природните производи, вели младиот пчелар Ненад од Грљани

Објавено 01/02/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На тромеѓето помеѓу Осоговските планини, Голак и Плачковица на надморска висина од околу 780 метри, на три различни локации се наоѓаат кошниците со пчели на 27-годишниот Ненад Јанчов од с. Грљани, млад пчелар кој веќе десетина години професионално се занимава со пчеларство.



„Со пчеларство се занимаваме многу одамна, моите отсекогаш имале неколку кошници (во тоа време трмки) па може да се каже дека сум израснат во пчелите. Инаку професионално со пчеларство се занимавам од пред околу 10 години кога за прв пат учествувавме во програмата за рурален развој, и така ја набавивме првата професионална опрема. Во меѓувреме бев на неколку обуки за пчеларство што можам да кажам дека ми помогнаа многу, за на индивидуално ниво да развијам вештини и да почнам попрофесионално да гледам на оваа гранка.“, вели Ненад, кој по професија е машински инженер.

Ненад има околу 100 пчелни семејства распоредени во атарот на селото Грљани.

„Во моментов располагаме со скоро секаква пчеларска опрема меѓу која машина за производство на сатни основи, имаме околу 100 пчелни семејства на 3 различни локации, сите во атарот на село Грљани каде што моментално живеам, селото е од разбиен тип, географски се наоѓа на тромеѓето помеѓу Осоговските планини, Голак и Плачковица на надморска висина од околу 780 метри.“, ни објасни Ненад.

Покрај медот произведува и други производи – полен, перга и матичен млеч, од кои пак со дополнително мешање се добиват други производи како „имуно мед“.

„Скоро целиот пласман (сите производи) ги продаваме на мало тука во Македонија по муштерии и пазар кој сами си го имаме разработено. Иако кај нас има доста увозен мед, а и економската криза си го прави своето, сепак Македонците знаат да препознаат квалитет и секогаш има луѓе кои го ценат трудот и природните производи. Ние акцентот не го ставаме на квантитетот, туку на добивање квалитетни 100% природни производи кои не содржат штетни хемиски средства, наспроти повеќето пчеларски производи што се нудат на пазарот, а не ја осигуруваат безбедноста и квалитетот на производите.“, вели Ненад.“

Го прашавме Ненад како оваа блага зима влијае на пчелите и дали доколку дојде до нагло заладување, пчелите ќе можат да го поднесат топлинскиот стрес.

„Секако, промената на временските услови, благите зими, воопшто не се добри и влијаат лошо на целата агро-сточарска гранка, а пчелите се први на удар. Временските услови (високите температури) ги принудуваат пчелите на работа и старт на сезона која не е спремна, при што пчелите губат премногу енергија и има процентуално (по кошница) доста загуби. Од друга страна во вечерните часови имаме ниски температури и со тоа размножувањето речиси е оневозможено. Остануваат се помал број пчели во кошниците и може да се случи да не ја преживеат зимата која допрва треба да дојде, а оние пак кои ќе преживеат, трпат загуби и со тоа е оневозможен брз старт напролет.“, објасни младиот пчелар.

И покрај предизвиците со кои се соочува, Ненад ќе продолжи да се занимава со пчеларство, а негов план е да продолжи со експандирање на бројот на пчелни семејства и брендирање на производите, заедно со неговото семејство кое исто така е вклучено во целиот процес.

Може да ви се допадне

Домашен сладолед од ванила со малинов прелив
Ориз со пилешко и зеленчук
Бомбици од сирење
Ликер од зелени ореви
Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Таг:грљаниненад јанчов
Претходен напис Не мирува пазарот за житарки и маслодајни семиња – Како се движат цените?
Следен напис Се гради колекторски систем за поврзување на отпадни води од Тимјаник до Неготино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?