Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Не мирува пазарот за житарки и маслодајни семиња – Како се движат цените?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Не мирува пазарот за житарки и маслодајни семиња – Како се движат цените?
Пазари

Не мирува пазарот за житарки и маслодајни семиња – Како се движат цените?

Објавено 01/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пазарот на житарки и маслодајни култури се уште е под влијание на различни фактори. Цената на пченицата забележа раст, а крајот на минатата недела донесе смирување. На почетокот на оваа седмица на парискиот MATIF мартовската пченица се тргуваше во износ од 287,50 евра за тон. Најголемо влијание имаа гласините за побарувачката од Мароко, која е најголемата извозна дестинација за пченица од Европската Унија, но и растот на извозот во САД, наведува Ројтерс.

„Со оглед на тоа што трендот на зајакнување на еврото во однос на доларот исто така се намали, пченицата во Париз ја постигна својата прва позитивна недела од Божиќ“, се вели во белешката на консултантската куќа CRM Agri.

Се очекува производството на пченица во Украина да не надмине 16 милиони тони во 2023 година, што претставува втор годишен пад бидејќи земјоделците ги намалуваат засеаните површини. Евтината пченица од Русија и Украина се чини дека ќе ја покрие главната извозна побарувачка на клучните увозници од Блискиот Исток и Северна Африка. Во исто време, врнежите во Аргентина позитивно се одразија на пазарот со соја и пченка.

Пченката се продаваше по цена од 280 евра за тон, додека цената на маслодајната репка беше 552,75 евра/т. Врз основа на податоците на Европската комисија, во ЕУ во сезоната 2022/23 веќе се увезени 4,2 милиони тони. Најголем снабдувач е Украина, а потоа следат Австралија и Канада. Пад бележи увозот на соја. Најголеми количини доаѓаат од САД и Бразил, пренесува .

Цените на пченицата на пазарот на фјучерси CBoT во Чикаго изнесуваа 254,45 евра за тон. Пченката се тргуваше по 247,27 евра/т, а сојата за 515,16 евра/т. Дополнителен послаб раст се предвидува кај пченката, а за сојата пад на цената.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Цените на пченицата и пченката растат: Еве што стои зад тоа и што да очекувате
Светското производство на жито на рекордно ниво: Што се очекува од пченицата во 2026 година?
Таг:житопченицапченка
Претходен напис Утрово најстудено на Попова Шапка, -9, температури над нулата во повеќе градови
Следен напис Иако кај нас има доста увозен мед, сепак Македонците знаат да препознаат квалитет, секогаш има луѓе кои го ценат трудот и природните производи, вели младиот пчелар Ненад од Грљани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?