Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупени 90 отсто од договорените количини тутун во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Откупени 90 отсто од договорените количини тутун во Струмичко
АгровестАгровести

Откупени 90 отсто од договорените количини тутун во Струмичко

Објавено 21/01/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутунот во Струмичкиот регион се одвива нормално и со предвидената динамика и досега се откупени 90 отсто од договорените количини, а постигната моментна просечна откупна цена изнесува 225 денари за килограм што е за 15 денари повисока од лани, информира Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак” од Василево.

Се очекува до крајот на откупната сезона, која законски завршува на 15 март, да се откупат и преостанатите количини тутун од ланската реколта.

– Очекувавме дека ќе има послаб род во споредба со 2018 година, но топлите есенски денови им овозможија на тутунарите да го соберат тутунот од нивите и затоа повторно имаме околу 2,5 милиони килограми тутун, додава Трајков.

Според него, одделни проблеми кои се појавија пред извесно време со откупот на тутунот се должат на несоодветното сортирање и мешање на класите од страна на тутунопроизводителите, но сега овие проблеми се надминати и откупот продолжи непречено.

На крајот рече дека со досега постигната просечна откупна цена од 225 денари се оствариле предвидувањата на „Басмак” дека заедно со субвенциите тутунарите може да добијат и до 300 денари за предаден килограм тутун.

Лани тутунот беше засаден во Струмичко на површина од околу 1.200 хектари. Од петте компании кои вршат откуп во овој дел од државата беа пополнети околу 2.400 евидентни листови од страна на тутунопроизводителите.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Откуп на тутун во СтрумичкотутунТутунопроизводство
Претходен напис Времето денес: Сончево и ветровито со температура до 9 степени
Следен напис Aтанасов: Зголемено е производството и извозот на месни и сувомеснати производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?