РИБИЕР
Сортата Рибиер се карактеризира со големи темносино (црно) обоени зрна со извонреден вкус. Често вкусовите на другите трпезни сорти се споредуваат со вкусот на Рибиер како стандард за идеален вкус. Недостаток на оваа сорта е појавата на напукнување на зрното и тоа по должината на зрното и прстенесто. Оваа појава најчесто е предизвикана од инцидентно наводнување или појава на дожд после сушен период.
Прошарокот е најчувствителна фаза. Може да дојде до пукање на зрното и до појава на семките. Одржувањето на постојан тургор заедно со добро развиен коренов систем се основните работи за превенција од напукнување на зрното. Оваа сорта се карактеризира со растресити гроздови посебно кога станува збор за бујни лози. Поради тоа ампелотехничките мерки се неопходни за добар квалитет на грозјето. Таа е родна сорта и може да се крои и на кондири.

Ампелотехнички мерки
20 cm должина на ластарите
• Отстранување на ластари без гроздови
60 cm должина на ластарите
• Распоредување и врзување на ластарите
• Отстранување на посилно развиени странични ластари
Пред цветање
• Отстранување на инфериорни и лошо позиционирани гроздови
• Редукција на приносот со оставање на еден грозд по ластар.
• Пинцирање на двете страничните
крилца за 1/2 до 1/3
• Пинцирање на врвот 1/2 до 1/3
• Употреба на четка. Доволно е само два пати да се помине по гроздот
За време на цветање
• Пинцирање на бујните ластари
• Прстенување за добивање на поголеми зрна ако е неопходно односно ако лозите се премногу бујни
После цветање
• Скратување на гроздот на 8 cm должина
• Дефолијација (отстранување на листови околу гроздот)
• Прстенување за добивање на поголеми зрна ако е неопходно и тоа само кај бујните лози
Кога зрната се со дијаметар од 7-8 mm
• Ограничување на принос (6 гроздови/m2).
Кога зрната се со дијаметар од 12-15 mm
• Отстранување на зрна за последен пат
ВИКТОРИЈА
Добиена е од Vittoria de Lepardatu во Романија, со вкрстување на сортите Афус али и Кардинал. Рана, лесно мускатна сорта која има исклучително големи зрна – над 11 g. Родна сорта која дава многу гроздови. Раширена е во многу земји во светот каде што е добро прифатена на пазарот.
Кај нас ја има на ограничени површини во Велешко и Гевгелиско-валандовско виногорје.
Лозата е средно бујна. Високоприносна сорта која бара долго кроење на лакови со 8-10 окца. Зрее во прва декада на август. Концентрира 160-170 g/L шеќер и 5-6 g/L вкупни киселини. Грозјето има многу добра транспортабилност. Отпорноста на притисок на зрното изнесува над 2500 g, а отпорноста на откинување над 600 g. Формира неоплодени зрна, a чувањето во ладилник може да биде проблематично. Треба да се избегнуваат воден стрес, Ethepon и гиберелинска киселина. Поради малата бујност потребите од азот се зголемени. Потребно е да се редуцираат гроздовите пред цветање на еден грозд по ластар.

Ампелотехнички мерки
20 cm должина на ластарите
• Отстранување на ластари без гроздови
60 cm должина на ластарите
• Распоредување и врзување на ластарите
• Отстранување на посилно развиени странични ластари
Пред цветање
• Отстранување на инфериорни и лошо позиционирани гроздови
За време на цветање
• Не се препорачуваат манипулации. Можна е појава на реуалвост.
После цветање
• Скратување на гроздот на 8 cm должина
• Дефолијација (отстранување на листови околу гроздот)
Кога зрната се со дијаметар од 4-6 mm
• Препорачливо е прстенување за добивање на поголеми зрна
Кога зрната се со дијаметар од 7-8 mm
• Ограничување на принос (6 гроздови/m2). Оставање на еден најдобар грозд по ластар
• GA не се препорачува
• Отстранување на малите зрна
Кога зрната се со дијаметар од 10 -12 mm непосредно пред затворање на гроздот
• Отстранување на зрна по втор и последен пат
• Финална контрола на приносот со отстранување на гроздови од послабите ластари
Во прошарок
• Ако големината на зрната е се уште проблем треба да се изведе прстенување.
