Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи најави менување на моделот за субвенционирање во земјоделството и алатки за мерење на ефикасноста на државната помош
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи најави менување на моделот за субвенционирање во земјоделството и алатки за мерење на ефикасноста на државната помош
Агровести

Битиќи најави менување на моделот за субвенционирање во земјоделството и алатки за мерење на ефикасноста на државната помош

Објавено 16/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Влегуваме во голема операција на менување на моделот за субвенционирање во земјоделствоти, но исто така и во воспоставување на алатки за мерење на ефикасност на државната помош, истакна вицепремиерот Битиќи во однос на прашањето дали оваа година ќе се оди на промена во политиката за субвенционирање.

На денешната Конференција на Стопанската комора со наслов „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, вицепремиерот одговорен за економски прашања, Фатмир Битиќи, рече дека не треба да се заборави дека Законот за субвенции во земјоделството е во целосниот пакет на Законот за контрола на државна помош и тоа еден вид на државна помош.

– За жал, тоа што сите го занемаруваме е дека кога веќе еднаш користиме едно добро коешто е дадено од страна на државата ние забораваме дека тоа е добро коешто го користиме по одредена повластена мерка, и тоа е еден вид на државна помош. Тој сегмент го забораваме а притоа велиме дека треба уште поголема државна помош преку субвенции во одредени сектори, но без притоа да гледаме дали по Законот за контрола на државна помош, помошта којашто ја добиваме соодвествува со основните правила што се поставени, а тоа е правилото на праведност, правичност и соодветна распределба на јавните средства кај сите чинители, истакна Битиќи.

Тој најави дека годинава ќе се влезе во зголемување и поставување на инструменти за мерење на ефикасност на средствата коишто се користат во име на државна помош, затоа што, како што нагласи Битиќи, по сознанијата на анализите за механизмите за државна помош направени од страна на Министерството за финансии и Светска Банка, 20 до 30 проценти од средствата коишто се даваат во име на државна помош се неефикасни.

– Затоа, да, годинава ќе влеземе во зголемување и поставување на инструменти за мерење на ефикасност на средствата коишто се користат во име на државна помош, во коешто може да влеземе и во сегментот на колку средства се даваат во земјоделието наспроти другите сектори, дали за истите субјекти можеби ги применуваат правилата што се поставени по Законот за контрола на државна помош, подвлече вицепремиерот Битиќи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:битиќимодел на субвенционирање
Претходен напис Овца за секој купувач – Сопственикот може да ја именува својата „посвоена“ овца и да гледа директни преноси од фармата
Следен напис Времето денеска ќе биде облачно и ветровито, викендот заладување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?