Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Албанскиот извоз на земјоделски производи руши рекорди – Производи се извезуваат во најмалку 78 земји во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Албанскиот извоз на земјоделски производи руши рекорди – Производи се извезуваат во најмалку 78 земји во светот
Пазари

Албанскиот извоз на земјоделски производи руши рекорди – Производи се извезуваат во најмалку 78 земји во светот

Објавено 12/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извозот на земјоделски производи од Албанија во Европската Унија и Балканскиот регион во текот на 2022 година се зголемил на повеќе од 473 милиони евра, што е највисока вредност досега, изјави министерката за земјоделство на Албанија, Фрида Крифца.

Во однос на 2021 година, извозот количински пораснал за 15,6 отсто, а вредносно за 18,1 отсто, покажуваат податоците на Министерството. Причина е инвестирање во синџири на снабдување и собирни складишта, пишува Euractiv. Исто така, за тоа придонело и зголеменото производство и извоз на зелен зеленчук.

„Според статистичките податоци, најголем раст е остварен во окрузите со најинтензивно земјоделство во земјава, како што се Берат, Лушња, Фиер и Дивјаке, каде што во една сезона имало две берби. Меѓу главните извозни производи се оранжерискиот зеленчук, домати, краставици, пиперки, зелка, кромид, праз и слично“, рече Крифца.

Министерството наведува дека албанските производи се извезуваат во најмалку 78 земји во светот.

Според извештајот на Светска банка за 2022 година, земјоделскиот сектор во Албанија има голем потенцијал, но се бори со зголемените трошоци, инфраструктурните предизвици и неискористените можности. Прилика за развој гледаат особено во одгледувањето домати. Извештајот на Светска банка покажал и дека Албанците значително потценуваат многу производи, вклучително токму и доматите. На пример, го продаваат за 0,48 евра за килограм, додека Италија го извезува истиот производ во Велика Британија за 2,3 евра/кг.

Сугерираат дека треба да се размисли за продажба на нивните производи на поразвиени пазари, како што е Западна Европа, бидејќи, како што тврдат, можат да се натпреваруваат според меѓународните стандарди.

Покрај доматите, можни извори на приход гледаат и во рибата, јаткастите плодови, овошје – особено лубениците и конзервираните маслинки.

Затоа, Европската комисија неодамна ја започна програмата ИПАРД III на ниво на ЕУ, во чии рамки ќе бидат инвестирани 112 милиони евра во албанскиот земјоделски и рурален развој.

Може да ви се допадне

Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани стотина семејства
Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ 
Рама: Албанија го постигнува невозможното – ЕУ членство до 2030
Хрватска уништува осум тони пиперки од Албанија поради опасни пестициди
Таг:албанијафрида крифца
Претходен напис Пченкарно брашно: Ценета намирница во кулинарството и народната медицина
Следен напис Намален водостојот на реката Вардар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?