Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винарија Алесто – Рефлексијата на Преспанското Езеро преточена во вината на браќата Александар и Стојанче
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Винарија Алесто – Рефлексијата на Преспанското Езеро преточена во вината на браќата Александар и Стојанче
Магазин

Винарија Алесто – Рефлексијата на Преспанското Езеро преточена во вината на браќата Александар и Стојанче

Објавено 05/01/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сместена во падините на планината Баба, во село Арвати, винаријата „Алесто“ е првата регистрирана винарија во Преспанскиот регион. Идејата да се основа семејна винарија дошла од големата љубов кон виното на Александар Димовски, кој заедно со неговиот брат Стојанче, одлучиле да направат еден спој на заборавената традицијата во тој регион и модерниот свет и на тој начин да го промовираат Преспанскиот регион, правејќи еден спој меѓу винарството и туризмот. Името на винаријата е „Алесто“ е спој од првите букви од имињата на двајцата браќа.

„Ние сме млади ентузијасти во светот на виното, со елан за напредок и промоција на Преспанскиот вински регион. Грозјето зрее со помош на рефлексија на сончевите зраци од Преспанското Езеро, всадено во дланките на двата национални паркови Пелистер и Галичица, а нашите лозови насади се наоѓаат на надморска висина од 860 до 950 метри. Винаријата ја регистриравме во март 2022 година, а воедно аплициравме за неповратен гранд каде што ги исполнивме условите и добивме модерна опрема за современо производство на вино.“, ни открива Александар.

Капацитетот на винаријата е 5000 литри на годишно ниво, а оваа година успеале да произведат само 15% од вкупниот капацитет.

„Грозјето е од нашите лозови насади и мал дел набавивме од наши пријатели од Тиквешкиот регион, пред се за да го согледаме потенцијалот на спарување на виното од Преспанскиот и Тиквешкиоит регион. Во производството се ангажирани членовите од фамилијата, каде што имаме ангажирано стручно лице енолог за да произведиме високо квалитетно вино.“

Вината ги произведуваат само со помош на основните енолошки средства – квасец, ензим, винобран, бентонит, бидејќи сакаат да ја задржат и истакнат автентичноста на самото грозје.

„Тајната на нашите вина се крие во единственоста на Преспанскиот регион, каде што доминираат киселините и вкусот на виното поради самата надморска висина. Вината ги произведуваме само со помош на основните енолошки средства квасец, ензим, винобран, бентонит, бидејќи сакаме да ја задржиме и истакнеме автентичноста на самото грозје. Произведуваме од црвените вина Прокупец и Вранец, додека пак од бели Темјаника, а нашето розе го правиме од станушина, нашата автохтона сорта. За домашни потреби произведуваме ракија од грозје, слива, дуња. А оваа година имаме во план да направиме и ракија од јаболка.“

Александар и Стојанче се задоволни од пласманот и сакаат нивниот бренд да стане препознатлив низ цела Македонија.

„Кога станува збор за пласманот сме на самиот старт и сме задоволни од луѓето кои се интересираат да не запознаат и да купат вино од нас. Пред се сме фокусирани да изградиме бренд на локален план, каде што преку посета на самата винарија и луѓето би купувале вино. Потоа би се прошириле во локалните ресторани и за неколку години би се прошириле и низ Македонија.“, вели Александар.

„Пред се сум благодарен за финансирањето на семејните винарии преку проектот кој го добивме. Се надевам дека ќе продолжи државата и Македонските институции преку грандови да ни помага во делот со опрема и едукација. Имаме прекрасно поднебје за производство на врвни вина, тука би можела државата да ни помогне со извоз на вината и да ја постави Македонија на винската светска карта. Според мене клучно за развој на нашата винска сцена е едукацијата на луѓето преку вински салони, вински дегустации, поддршка на земјоделските стопанства, за да можат да го препознаат квалитетот на вредните мали раце на производителите. И за крај да се зацврсти целата економија за луѓето, да имаме поголема куповна моќ, за непречено да уживаме во благодетите на оваа прекрасна земја.“, заклучува Александар.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:алесто
Претходен напис (ФОТО) На Тони Цетински освен музиката, голема љубов му е одгледувањето на портокали и лимони
Следен напис Денеска е Бадник – Богатата посна трпеза треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?