Хрватскиот пејач Тони Цетински пред шест години решил да го напушти Загреб и по 25 години поминати во метрополата да се врати во родната Истра. 53-годишниот Цетински не крие дека животот таму му е навистина добар. На Инстаграм сподели фотографија на која се пофали со плодовите од неговата градина во Ровињ.
„Плодовите на градината на моето родно место. Стоп за ГМО“ – напиша музичарот во описот на неколкуте фотографии на кои се гледаат домашни портокали и лимони.
