Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска е Бадник – Богатата посна трпеза треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Денеска е Бадник – Богатата посна трпеза треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година
Магазин

Денеска е Бадник – Богатата посна трпеза треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година

Објавено 06/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бадник се прославува еден ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост и носи голема среќа во домовите, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање.

Зборот Бадник веројатно доаѓа од старомакедонскиот збор – да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.

Празникот името Бадник го добил по гранката од даб – бадник, бидејќи дабот се смета за најздраво дрво и симболизира здравје за целото семејство. Во минатото бадникот се сечел на тој ден, се внесувал дома и се палел.

За Бадник семејството се собира заедно во домот, седнува на заедничка посна и богата трпеза и крши лепче со паричка.

Едно од верувањата е дека бадниковото лепче треба да се прави од пченично брашно, а ако додадете други зрна во него, зрното мора да биде цело, додека водата што ја користите при месењето треба да биде осветена или претходно во неа да се стави грст жито. Постои верување дека сè што ќе допрете со рацете на кои има од залепеното тесто, ќе биде плодно во текот на целата година. Се верува дека на оној кому ќе му се падне паричката, цела наредна година ќе го следи здравје, успех и среќа. Традицијата налага оваа вечер да не се оди никаде на гости, туку да се остане во домот со богато посно мени што има и симболично значење и означува богатство и изобилство и во наредната година.

Бадниковата вечера започнува со благослов на домаќинот на трпезата, а потоа и кршење на бадниковото лепче со паричка, на онолку делови колку што има и членови во семејството, оставајќи дел за Бога и дел за куќата. На Бадник, според традицијата, во огнот се става да гори и бадниково гранче. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати сè што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога.

Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, посна сарма или грав, со салата од зелка или компир, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со сушено овошје. Обичај е трпезата да не се раскрева и да се остави да стои преку целата ноќ.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:бадник
Претходен напис Винарија Алесто – Рефлексијата на Преспанското Езеро преточена во вината на браќата Александар и Стојанче
Следен напис Нè очекува сончево време со умерена облачност и утринска магла по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?