Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: 2022 година ја затвораме со одлични бројки кои ја отсликуваат финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: 2022 година ја затвораме со одлични бројки кои ја отсликуваат финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој
Агровести

Бачовски: 2022 година ја затвораме со одлични бројки кои ја отсликуваат финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој

Објавено 31/12/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувани земјоделци, корисници на мерките на АФПЗРР, почитувани граѓани,
Се наоѓаме на крајот на 2022 година, година која ни донесе сериозни предизвици кои бараа сериозен пристап и ангажман за нивно надминување.
Земјоделството како и останатите економски сектори беа под силен удар на глобална инфлација, недостиг на суровини како и отежнати ланци за испорака на стоки и услуги.
Сепак институционалниот одговор на сите овие несакани околности беше на висина на задачата. 2022 година ја затвораме со одлични бројки кои ја отсликуваат финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој. Одлична реализација во историски најтешкото време.
Преку програмата за директни плаќања се исплатени 6.5 милијарди денари или 105 милиони евра кон 80.000 корисници на субвенции за растително и сточарско производство.
Обезбедена беше финансиска поддршка за лозарите, тутунарите, полјоделците, овоштарите, градинарите, сточарите, млекопроизводителите, живинарите и органските производители.
Со интервентниот фонд ја ублаживме кризната состојба во неколку сектори.
Преку оваа нова програма поддршка од над 700 милиони денари или 11 милиони евра добија производителите на стратешки житни култури преку субвенционирање на набавка на вештачко ѓубриво, а поддршка добија и сточарите за заклано јагне и гоеници и одгледувачите на кокошки – несилки.
Дополнителна субвенција добија и млекопроизводителите, како и одгледувачите на слива и зелка.
Со мерките од програмата за рурален развој финансиски ги поддржавме сите проекти кои беа насочени кон модернизација на земјоделските стопанства и создавање на финални земјоделски производи.
318 милиони денари или 52 милиони евра се исплатени за поддршка на руралните жени, младите земјоделци, набавка на добиток, набавка на комбајни за ориз, трактори, за поддршка на задругите и ЛАГ-овите, за подигнување на нови лозови и овошни насади како и за проекти за подобрување на руралната јавна инфраструктура со што се опфатени 592 корисници.
Многу нови преработувачки капацитети, објекти за рурален туризам, фарми, модерна земјоделска механизација, системи за наводнување и мали бизниси од рурални средини беа поддржани преку ИПАРД 2 програмата. 🇪🇺🇲🇰
За таа намена беа исплатени 178 милиони евра за 261 проект како кофинансирање на инвестиции во земјоделството и руралниот развој во висина од 50-65%.
Преку сите овие активности, во можеби најтешката година по 2-рата светска војна успеавме да вбризгаме 140 милиони евра како финансиска поддршка за македонското земјоделство и рурален развој.
Во меѓувреме потпишани беа многу нови договори за набавка на силоси, опрема за преработка на тутун, набавка на високостелни јуници, системи капка по капка, а реализирана беше и новата мерка за откуп, пакување и дистрибуција на овошје за над 180000 ученици од 350 основни училишта.​
Нашата работа се карактеризираше по еднаквиот пристап кон сите корисници и транспаретноста во постапките.
За тоа говорат десетици илјади задоволни корисници кои неселективно го остварија своето право на финансиска поддршка.
Ви посакувам среќни новогодишни и божиќни празници. Нека 2023 биде успешна и бериќетна година.
Вашиот успех и просперитет е наша најсилна мотивација !

Фејсбук статус на директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бачобвски
Претходен напис Николовски: Посакувам заедно, и во наредната 2023 година да испишеме нови уште поголеми резултати во земјоделството.
Следен напис Времето денеска умерено облачно со магла по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?