Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 1 јануари нов период на Заедничката земјоделска политика – ЕУ ќе обезбеди фонд во износ од 264 милијарди евра за одржливо и поотпорно земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 1 јануари нов период на Заедничката земјоделска политика – ЕУ ќе обезбеди фонд во износ од 264 милијарди евра за одржливо и поотпорно земјоделство
Агровести

Од 1 јануари нов период на Заедничката земјоделска политика – ЕУ ќе обезбеди фонд во износ од 264 милијарди евра за одржливо и поотпорно земјоделство

Објавено 30/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЕУ ќе обезбеди фонд во износ од 264 милијарди евра за поддршка на европските земјоделци во транзицијата кон одржливо и поотпорно земјоделство и за зачувување на виталноста и различноста на земјоделските области.

Заедно со кофинансирање и дополнително национално финансирање, вкупните средства од јавниот буџет за земјоделците и руралните заедници во периодот од 2023 до 2027 година ќе достигнат сума од 307 милијарди евра. Сите стратешки планови го поттикнуваат одржливиот приход на земјоделските стопанства и издржливоста на земјоделскиот сектор како една од клучните цели.

Директните плаќања според ЗЗП ќе продолжат да служат како заштитен механизам за земјоделците. Речиси 20 милијарди евра основна поддршка на приходите ќе им се доделуваат на земјоделците кои ги исполнуваат условите. Но, доколку сакаат да добијат поддршка, земјоделците ќе мора да применуваат построги основни стандарди за добри земјоделски и еколошки услови. Се очекува дека овие стандарди ќе покриваат речиси 90% од земјоделското земјиште во ЕУ.

Во новата ЗЗП, повеќе јавни средства ќе бидат насочени кон оние на кои најмногу им е потребна поддршка. Руралните области во ЕУ се соочуваат со различни предизвици, кои се нагласени во долгорочната визија за руралните области на ЕУ, вклучувајќи депопулација, пристап до основните услови или нивно подобрување, можности за вработување и подобра поврзаност.

All set for the start of the new Common Agricultural Policy.

With €264 billion, the new CAP will support 🇪🇺 farmers in the transition towards a sustainable and resilient agricultural sector, and help preserve the vitality and the diversity of the rural areas.

Read more ↓

— European Commission 🇪🇺 (@EU_Commission) December 14, 2022

Во рамките на ЗЗП ќе се инвестира во социјалната и економската база на руралните области на ЕУ. Специјалната поддршка за младите земјоделци зазема важно место во сите одобрени планови, а земјите членки го надминаа минималниот услов од 3% од директните плаќања за генерациско обновување. Јавните средства во вкупен износ од 8,5 милијарди евра ќе им помогнат на младите земјоделци да започнат бизнис, да инвестираат во него и да го одржат во првите години од работењето.

Се очекува во периодот од 2023 до 2027 година, вкупно 377.000 нови млади земјоделци да започнат со полн капацитет да вршат земјоделска дејност. Некои земји членки планираат да направат дополнителни напори за поттикнување генерациска промена на земјоделските фарми, зголемување на родовата еднаквост во руралните области и зајакнување на положбата на жените во земјоделството.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:млад земјоделецрурален развој
Претходен напис МЗШВ: Реализирана првата авансна исплата на субвенциите, исплатени 123,2 милиони денари кон 9.563 овоштари
Следен напис Николовски: Посакувам заедно, и во наредната 2023 година да испишеме нови уште поголеми резултати во земјоделството.
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?