Обележана е патека за здрав живот до месноста Липите во Кавадарци, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
– Општина Кавадарци преку програмата Г1 од буџетот за 2022 година, го финасираше проектот „Патека за здрав живот – Зелен рид – Липите“, на здружението „Еко индикатор“. Преку проектот беше обележана траса во должина од 4,5 километри, на која беа поставени две информативни табли, десет патоказни табли, посадени десет зимзелени садници и беше изграден летниковец. Во втората фаза, Општина Кавадарци ќе придонесе со доуредување на самата локација, преку поставување на клупи, отпадни корпи и поплочување на околината на поставениот летниковец, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Од здружението „Еко индикатор“ информираа дека станува збор за проект од програмата за поддршка на локалниот економски развој.

– Граѓаните добија можност за пешачење, набљудување, релаксација и уживање во природа. Само треба да се следат патоказните стрелки. Почетната точка е кај спомен костурницата во градскиот парк, а завршната, во месноста Овчка река, Липите, соопштија од Здружението.



