Меѓународниот саем за овошје, зеленчук и лозарство – „Агро Белград“, ќе се одржи од 26 до 28 јануари 2023 година на Саемот во Белград.
Овој настан нуди посебни можности за деловно вмрежување со реномирани светски партнери и клиенти. Истовремено, ова е место каде што купувачите и трговците на овошје, зеленчук, грозје и вино можат да воспостават контакти со производители од нашиот регион кој интензивно се развива.
На саемот досега се претставија повеќе од 500 домашни и странски изложувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Романија, Италија, Холандија, Грција, Германија, Турција, Индија и Украина.
Покрај саемскиот дел, „Агро Белград“ организира и специјализирани конференции кои се занимаваат со најактуелните прашања во земјоделството и прехранбената индустрија.
Заинтересираните изложувачи можат да се пријават на веб-страницата agrobelgrade.com или на мелјот [email protected].
