Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски за следната недела најавува продолжување на исплатата на субвенциите за млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски за следната недела најавува продолжување на исплатата на субвенциите за млеко
Субвенции

Бачовски за следната недела најавува продолжување на исплатата на субвенциите за млеко

Објавено 24/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најавите на директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски, за исплата на заостанатите дополнителни субвенции за предадено кравјо, овчо или козјо млеко кај регистриран откупувач, се реализираат.

По последната исплата на 5525 млекопроизводители кои предале кравјо, овчо или козјо млеко кај регистриран откупувач за произведеното и предадено млеко во август и септември 2021 година, со што се заокружи целосна исплатата за млекопроизводителите за фазата октомври 2020 – септември 2021, Бачовски најавува продолжување на исплата на премијата следната недела.

– Следната недела ќе има исплата за првата фаза млеко, предадено од октомври до декември 2021 година. Со оваа исплата на премијата можеме да кажеме дека во една година исплативме субвенции за млеко од октомври 2020 година до декември 2021 година – изјави за Агротим, Бачовски.

Со оваа исплата сточарите што предале млеко од октомври 2021 до декември 2021, заедно со исплатата на еден денар од интервентниот фонд, во краток период добиваат по 4,5 денари премија за кравјо млеко и 5,5 денари премија за овчо и козјо млеко.

Тој додаде дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:агротиммзшвнајновосубвенциифинансиска поддршка
Претходен напис Николовски во посета на винаријата „Илиеви“: Обезбедени се 70 милиони денари за малите производители на вино, на храна и дестилерии
Следен напис Тутунарите брутално искрени: И покрај поскапените репроматеријали, годинава поминавме добро, нè плаши неизвесноста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?