Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: И од 1 јануари нема да има ценовен шок за граѓаните во сметките за струја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: И од 1 јануари нема да има ценовен шок за граѓаните во сметките за струја
Агровести

Ковачевски: И од 1 јануари нема да има ценовен шок за граѓаните во сметките за струја

Објавено 23/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата во текот на целиот изминат период ја субвенционира цената на електричната енергија и со тоа не дозволивме да има ценовен шок за граѓаните. Така беше до сега, така ќе биде и од 1 јануари, но убаво е да се знае дека постои субвенција на цената на електрична енергија заради штедењето, бидејќи секој заштеден киловат од граѓаните, од стопанството и од институциите значи и помалку потрошени финансиски средства од страна на Буџетот, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, не е пропаганда фактот што на сметката за потрошена електрична енергија стои дека државата субвенционира 73 отсто од неа, бидејќи таму стои колкава е субвенцијата од страна на Владата, а не субвенција од политички партии. -Сметката ниту е пропаганда, ниту, пак, е флаер, туку е сметка за електрична енергија. Електричната енергија државата ја субвенционира за целиот регулиран пазар. Доколку се погледне цената на електричната енергија на берзите во моментов е сигурно 300 евра, а минатата недела беше 500 евра. Намалена е затоа што во Западна Европа се божиќните католички празници, но кога ќе завршат и кога индустријата ќе почне да работи со полн капацитет цената сигурно повторно ќе биде зголемена, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Како што појасни ЕСМ произведува електрична енергија која ја испорачува на ЕВН за да ја дистрибуира до купувачите, односно до регулираниот пазар составен од 600 илјади домаќинства и 70 илјади мали потрошувачи – мали и средни претпријатија кои вработуваат 98 проценти од вработените во државата. -ЕСМ испорачува енергија која е практично субвенционирана од страна на Владата. Таа субвенција се носи во Буџетот и и се префрла на ЕСМ за да набави енергенси и да произведе електрична енергија која потоа преку ЕВН се продава. Таа субвенција изнесува 73 проценти од цената на електрична енергија која граѓаните би ја платиле доколку не е субвенцијата од страна на државата до ЕСМ и преку ЕСМ до крајните потрошувачи кои добиваат електрична енергија, посочи Ковачевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:струја
Претходен напис Србија и Катар формираат Бизнис совет – „Hasad food“ сака да инвестира во производство на храна во Србија
Следен напис Николовски во посета на винаријата „Илиеви“: Обезбедени се 70 милиони денари за малите производители на вино, на храна и дестилерии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?